НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите членки на Отворен Балкан потпишаа Договор за обезбеденост со храна

0
By Соња Крамарска on September 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ денеска во Белград, Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишаа Договор за обезбеденост со храна.

Како што објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој е потписник на договорот од македонска страна, договорот ќе овозможи земјите членки на Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на синџирите на снабдувањето со храна како последица од глобалната криза.

„Денеска постигнавме уште еден голем успех, уште една цел од која најголем бенефит ќе имаат нашите народи. Овој Договор е само почеток на една многу поголема идеја, а тоа е развивање на сеопфатен акциски план за долгорочна обезбеденост со храна, кој е проектиран до 2030 година. Ја реафирмираме солидарноста како основен принцип на Отворен Балкан, ја зајакнуваме регионалната соработка, ги отвораме границите за непрекината трговска размена и овозможуваме стабилен и непречен проток во снабдувањето на основните земјоделско-прехранбени производи без никакви ограничувања“, соопшти Николовски.

Договорот, дополнува министерот, е уште една потврда дека Србија, Албанија и Северна Македонија се заедно во овие тешки времиња.

Согласно договорот, доколку некоја од земјите се соочи со недостаток на храна, другите две земји искажуваат силна подготвеност да помогнат со тоа што нема да има забрани за тргување со основните земјоделско прехранбени производи. (С.К.)

Договор за храна Љупчо Николовски отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.