НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Град Скопје го блокираше Град Скопје, баш ме заболе дали го згрешиле знамето на Словенија

0
By Ана Василевска on October 19, 2022 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фејсбук статусот на Мартин Пановски беше добитен за да стане наслов на оваа анализа, но суштината оди подлабоко… Возачите и другите вработени во ЈСП излегоа на протест со автобуси на јавното претпријатие за да блокираат сообраќајници и да го изразат револтот од тоа што не зеле плата за септември, но зошто тоа го прават со трошење народни пари? Кој им дозволил да трошат гориво на десетици автобуси во остварувањето на своите права? Во период кога владее криза и кога Владата се обидува да воведе мерки на штедење, а при тоа и самото претпријатие напоменува дека е во слаба финансиска кондиција и секој следен месец е прашање дали ќе имаат пари за гориво, возачите денеска покажаа неодговорност и потрошија голема количина гориво во остварувањето на своите лични права.

Легитимно е прашањето зошто градоначалничката Данела Арсовска не го спречила ваквиот начин на протест, зошто не ги седна вработените во ЈСП и со нив да договори како да се надмине проблемот со празната градска каса и како да им излезе во пресрет и да им обезбеди плата? Затоа се наметнува потребата од одговоност кај Арсовска и кај директорот на ЈСП кои практично со јавни пари застанаа против граѓаните. Цел ден предизвикуваат хаос во сообраќајот, а граѓаните го совладуваат метежот видно нервозни. Значи денеска во Скопје имаме ситуација како вработените користат автобуси од јавниот превоз купени со пари од граѓаните, користат гориво купено со пари на граѓаните, а протестот го претворија во блокада на истите тие граѓани кои издвоиле да се купат автобусите и горивото. Вака вработените во ЈСП нема да ја постигнат целта и нема да ја придобијат јавноста на нивна страна. Тие и самите знаат дека за лошата финансиска состојба во нивната фирма вината е во Градот Скопје, поточно кај градоначалничката Арсовска, па затоа таму е вистинската адреса на која треба да протестираат и да си ги бараат парите. Не може своите пари да ги бараат со неодговорно трошење на јавните пари. Само за споредба, многу категории граѓани доаѓале пред Владата да протестираат, многу од нив и со превозни средства, но не на сметка на сите граѓани. Земјоделците често излегуваат со трактори и други земјоделски машини, но на свој трошок. Само така протестите имаат автентична форма и се искрени во намерата да издејствуваат пари од надлежните институции. Но, во случајот со ЈСП протестот има сосема поинаква димензија, ја загрозува градската каса, која и онака е празна.

Данела Арсовска ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.