НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Ковачевски на отворањето на Јангфенг и АРЦ Аутомотив: Ваквите инвестиции се ветар во грб за нашата држава

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Новата инвестиција за која денеска сме овде ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. Ова е можност за младите, бидејќи компаниите со европски и светски стандарди отвораат работни позиции и за висококвалификувани кадри”, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод новата заедничка инвестиција YFA Аутомотив помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ Скопје 1.

Ковачевски истакна дека креирањето добри економски политики и услови за компаниите значи директно вложување и во квалитетот на животот на работниците.

„Кога направивме обиколка на погоните видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката. Ова особено ме радува затоа што тие се моторот на економијата и без нивната посветена работа едноставно нема напредок. Поздрав и до тројца мои бивши колеги со кои во 2003 година работевме заедно и кога ќе ги видам тука знам дека оваа фабрика ќе биде успешна бидејќи се работи за тројца врвни менаџери. Добрите услови за работа, квалитетните инвестиции како оваа овде, посветеноста на зголемувањето на платите, но и добри услуги кои ги нуди државата, се предуслов за среќни и продуктивни работници”, рече тој.

Ковачевски се заблагодари на менаџерскиот тим на двете компании, Јангфенг и АРЦ Аутомотив кои како што рече препознаа во нашата држава подрачје за безбедно инвестирање и држава која нуди одлични услови за вложување.

„Отворањето на вакви производствени капацитети се ветар во грб на нашата држава и ја прават конкурентна на глобалниот пазар. Оваа заедничка инвестиција на овие две светски познати компании ја прави Северна Македонија земја во која се произведува и од која се извезува високо квалитетна опрема, за светски познати брендови од автомобилската индустрија”, подвлече премиерот.

„За помалку од една година мандат, само од почеток на годинава заклучно со септември во ТИР-зоните се отворени 1.600 нови работни места. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра”, вели Ковачевски.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ истакна дека со паметен и флексибилен пристап Македонија докажува дека може и знае да биде достоен партнер за глобални играчи и светски компании.

„Првичните разговори за скромна инвестиција денес се сериозен инвестициски проект од 30 милиони евра. Со тоа покажавме дека и мала држава како Северна Македонија може и знае да биде достоен партнер за глобални играчи и компании како Јангфенг и АРЦ Аутомотив. Особено ме радува тоа што по разговорите кои ги имавме утрово со менаџментот, овој инвестициски проект е вовед во нови заеднички проекти кои треба да донесат нови инвестиции и добро платени работни места. Оваа компанија ќе донесе 100 вработувања со плати над државниот просек. Она што охрабрува е дека АРЦ само годинава ги зголеми платите за 20 отсто и ќе ги охрабрам да продолжат да го прават тоа”, рече Деспотовски.

Димитар Ковачевски Јангфенг и АРЦ Аутомотив Јован Деспотовски ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.