НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија ракетни напади врз десетина украински градови

0
By Gabi Tocko on November 15, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија истрела повеќе од 100 ракети врз градови низ Украина во серија напади што следеа по понижувачкото повлекување од Херсон, иако има знаци дека нејзините сили се повлекуваат појужно од реката Дњепар, соопшти украинската војска.

Се огласија сирените за воздушен напад и одекнаа експлозии во десетина големи градови по еден од најголемите руски ракетни напади досега, следејќи го примерот во последните недели кога Москва напаѓаше далеку од фронтот по загубите на бојното поле.

Во главниот град Кијив огнот зафати петкатна станбена зграда, една од двете станбени згради за кои властите соопштија дека биле погодени таму. Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко изјави дека е потврдено оти во нападите загинало едно лице, а половина од главниот град останал без струја.

Други напади или експлозии се пријавени во големите градови, од Лавов и Житомир на запад до Кривој Рих на југ и Харкив на исток. Регионалните власти известија дека некои од нападите го прекинале снабдувањето со електрична енергија.

Големите напади се случија четири дена откако руските сили го напуштија јужниот град Херсон, единствената регионална престолнина што Москва ја зазеде од почетокот на агресијата, шест недели откако претседателот Владимир Путин ја прогласи за вечен дел на Русија.

Русија минатата недела соопшти дека нејзините сили ќе заземат позиции кои полесно се бранат на спротивниот брег на реката Дњепар. Но, видео снимките направени во градот Олешки, преку урнатиот мост од Херсон, се чини дека покажуваат дека и руските сили ги напуштиле своите бункери.

Понатаму кон исток, градската управа поставена од Русија соопшти дека ги повлекува државните службеници од вториот по големина град во регионот, Нова Каховка, кој се наоѓа на брегот на реката до огромна стратешка брана.

Наталија Хуменјук, портпаролка на украинската војска, рече дека се чини оти Москва ја преместува својата артилерија на 15-20 километри подалеку од реката, за да ги заштити своите топови од украинските контранапади.

На левиот брег на реката Дњепар постои одредена активност на непријателските сили во однос на оддалечувањето од брегот на 15-20 километри. Русија има артилерија што сè уште може да го погоди Херсон од тие нови позиции, но имаме и со што да одговориме, истакна таа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше новите бомбардирања, оценувајќи дека можеби сè уште не е готово.

Знам дека ракетните напади доведоа до недостиг на електрична енергија низ целата земја. Работиме на тоа, сè ќе поправиме, ќе преживееме, нагласи шефот на државата.

САД остро ги осудија руските ракетни напади врз Украина.

Не заборавивме дека додека светските лидери се состануваат на Г-20 на Бали и разговараат за прашања од големо значење за животот на луѓето ширум светот, Русија повторно ги загрозува тие животи и ја уништува инфраструктурата на Украина. Овие руски напади само ќе ја продлабочат загриженоста меѓу Г-20 за дестабилизирачкото влијание на војната на Путин. Нашите мисли се со храбриот украински народ, кој продолжува да покажува издржливост и храброст во одбраната на сопствениот суверенитет и демократија, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.