НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најинтересните натпревари од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2022

0
By Соња Крамарска on November 17, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вообичаено, најинтересните натпревари на едно Светско првенство се оние во елиминациите, но СП 2022 во Катар ќе понуди многу интригантни натпревари веќе во групната фаза.

Репрезентациите на Светското првенство се поделени во осум групи со по четири селекции, а оваа фаза од натпреварувањето се одвива во само 13 дена. Во седум од првите девет дена на првенството ќе има по четири натпревари кои ќе започнат во 11:00, 14:00, 15:00 и 20:00 часот по македонско време, а во следните четири дена ќе има четири повторно натпревари, но ќе започне во парови од 16:00 и 20:00 часот.

Несомнено големото дерби од групната фаза е Шпанија – Германија. Светските шампиони од 2010 и 2014 година ќе се соочат на 27 ноември во 20:00 часот. Еден ден претходно, ќе има уште еден судир меѓу две многу силни европски селекции, додека светскиот првак Франција ќе се соочи со полуфиналистот на Евро 2020, Данска. Овој натпревар се игра на 26 ноември од 17:00 часот.

Внимание ќе привлече и мечот меѓу вториот и третиот од последното Светско првенство – Хрватска и Белгија, кои се среќаваат на 1 декември од 16:00 часот. Латинската пресметка меѓу Португалија и Уругвај на 28 ноември од 20 часот ветува дека ќе биде интересна, а дербито во групата Ц ќе биде меѓу Аргентина и Мексико на 26 ноември од 20:00 часот.

Во групата Б на 29 ноември од 20 часот ќе се одигра британското дерби меѓу Англија и Велс. Уште еден натпревар од оваа група сигурно ќе предизвика сериозен интерес, иако не од целосно фудбалски причини. На 29 ноември во 20:00 часот, САД се соочуваат со Иран – двете земји ги прекинаа дипломатските односи уште во 1980 година, а нивните односи беа дополнително затегнати пред две години, кога Американците ликвидираа еден од најважните луѓе во хиерархијата на управување на Иран – генерал Сулејмани. Последниот натпревар меѓу двете селекции беше на Светското првенство во Франција во 1998 година, кога Иран победи со 2:1.

Кога станува збор за Светското првенство, невозможно е да не се спомене воведниот меч на петкратниот светски првак Бразил. Нејмар и друштвото, кои ќе се обидат да го однесат Селесао на светскиот врв за прв пат по 2002 година, својата кампања ја отвораат со мечот против Србија на 24 ноември во 21 часот.

Сигурно милиони љубители на фудбалот сонуваат за последен меч меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси на најголемата сцена. Сепак, ждрепката ги одвои Португалија и Аргентина и тие можат најрано да се сретнат во полуфиналето, а доколку ги добијат своите групи, нивните патишта ќе се сретнат само во финалето.

Катар Светско фудбалско првенство 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.