Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сензација во Катар: Саудиска Арабија ја совлада Аргентина

0
By Соња Крамарска on November 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ, СПОРТ
фото кредит: Њујорк Тајмс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 22, 2022 13:53

Саудиска Арабија го направи најголемото изненадување на Мундијалот во Катар и едно од најголемите во историјата на Мундијалите. Го совлада фаворитот Аргентина и победи со 2:1.

Аргентинците поведоа со голот на Меси од пенал во 10-та минута, но Ел Шехри и Ел Дасарви во 48 и 53-та минута им донесоа голем триумф на Саудијците.

Саудијците грубо го започнаа натпреварот, а во 8-ма минута беа казнети, кога Абдулхамид по корнер го повлече Паредес. По гледањето на видеото, беше досуден пенал, со кој Лео Меси рутински смести гол во мрежата во десеттата минута од натпреварот.

Се чинеше дека голот на Лаутаро Мартинез во 27-та минута на одличната асистенција на Гомез ќе биде признаен, но прегледот на видеото покажа дека Мартинез е во офсајд.

Потоа, Мартинез доби уште еден поништен гол поради, овој пат, очигледен офсајд. И покрај сето тоа, Аргентина можеше да дојде до два гола предност до полувремето, но Де Пол ужасно шутираше од многу добра позиција, од работ на шеснаесетникот.

А потоа шокот на стартот на вториот дел. Ел Шехри ја користи бавната реакција на одбраната на Аргентина и мајсторски го измами Мартинез за 1:1 во 48-та минута.

Тоа не беше се. Само пет минути подоцна со спектакуларен гол од работ на шеснаесетникот капитенот Ел Дасаури и донесе водство на Саудиска Арабија која во тој момент играше како во транс.

Аргентинците се обидоа во продолжението од мечот, но освен стопроцентната шанса на Таџиф во 65-та минута кога блескаво реагираше саудискиот голман, немаа посериозни можности.

Меси се обиде со глава во 84-та минута, но Ел Овејс лесно го сопре. Имаше осум минути прекини, но ништо не се промени и славењето на Саудијците можеше да започне.

Извор: Н1

Аргентина Мундијал Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.