Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина.
Тоа се случило на 27 километри северозападно од Травник, пренесува „Аваз.ба“.
Епицентарот на потресот, според Европскo-медитеранскиот сеизмолошки центар, беше северно од Зеница на длабочина од два километра.
Земјотресот бил силно почувствуван и во околината на Травник, но потресот, според граѓаните, траел кратко. Земјотресот бил почувствуван и во Жепч и неговата околина.
Засега нема информации за причинети штети и евентуално повредени лица.