Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски моден перформанс на иницијатива на Амбасадата на Кралството на Холандија во Скопје

0
By Marta Pesevska on December 10, 2022 КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 10, 2022 10:26

Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен„Осветлено“ (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска  модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Модниот настан беше заокружување на поголем проект, кој се одвиваше  во неколку фази. На почетокот, Анук Випрехт одржа неколку мастеркласови со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека. На овие презентации студентите добија конкретни насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Потоа, холандската дизајнерка заедно со професорката Георгиева одржаа и неколку работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, кои беа претставени  на модниот настан. Гостите, помеѓу кои беа присутни истакнати дипломати, политичари, луѓе од јавниот живот во Скопје и претставници на медиумите, имаа ретка можност да  погледнат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук.

Настанот го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп: „Холандија е еден од светските лидери кога станува збор за иновации и висока технологија. Дизајните на Анук Випрехт презентирани во првиот дел на вечерта ни покажаа што може да направи холандската високотехнолошка мода. Вториот дел и делата на студентите ни покажаа што можеме да направиме заедно. Северна Македонија е наш партнер и се надеваме дека наскоро ќе имаме уште поблиска соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и модната индустрија, во рамките на отворениот европски пазар“, истакна Јан Коп.

https://www.youtube.com/watch?v=TWgL3stq54E

„Голема благодарност до Амбасадата на Кралството на Холандија за укажаната доверба и иницијативата за соработка. Искуството низ кое поминаа студентите е значајно за нивниот понатамошен развој. Имавме ретка можност да уживаме во креативниот процес и во соработката со Анук“, вели професорката Лидија Георгиева, која неодамна, заедно со „Завар дизајн“ земаа учество на Модната недела во Белград, а на синоќешниот настан беа претставени и овие дизајни.

Анук Випрехт е иновативна дизајнерка, приврзаник на модната технологија (FashionTech) и создава раритетна комбинација на модни парчиња, кои се комбинација на инженерство, наука и дизајн. На автентичен начин ја спојува модата и технологијата, а нејзините дизајни се стремат кон вештачка интелигенција, како своевидни системи „домаќини“, и делуваат како да дишат заедно со човечкото тело и реагираат на непосредната околина. Сензорите вградени во дизајнот го следат просторот околу оној што го носи, а сензорите за телото го детектираат нивото на стрес како удобност или вознемиреност. Нејзиниот најпознат „Spider Dress“ базиран на модулот Intel-Edison е совршен пример за оваа естетика, каде што сензорите и подвижните раце на фустанот помагаат да се создаде подефинирана граница на личниот простор.

„Овој роботски фустан напаѓа доколку некој премногу ви се приближи“, вели Випрехт. Освен рачни уреди, дизајнерката истражува како можеме на нови начини, преку нашата облека да комуницираме со светот околу нас. Таа активно соработува со Интел, АутоДеск, Гугл, Мајкрософт, Самсунг, Адидас, Дизни, Сваровски, Ауди, со најпознатиот циркус „Сирк де Солеј“ и со компаниите за 3Д печатење, додека истражува како би изгледала нашата иднина доколку продолжиме да ја вградуваме технологијата во она што го носиме. Таа работи и живее на релација помеѓу Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами и Амстердам.

Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади Хаб од понеделник 12 декември.

Фото: Томислав Георгиев и Горан Бошковски

Амбасада на Кралството на Холандија моден настан Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.