НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Достоинство и други ја поддржаа Иницијативата на Цивил „Инсиеме/Заедно“ за обединување и европска иднина. Повикот е во тек!

0
By Marta Pesevska on December 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската верзија на „Insieme/Заедно“ од Тото Кутуњо (Евросонг, Загреб, 1990) е дел од Иницијативата за општествено и политичко обединување за европската иднина на нашата земја. Подготовките за Иницијативата започнаа кон крајот на ноември, а неполн месец дена потоа, македонската музичка сцена се збогати со нов и популарен хит. Самата Иницијатива, пак, за неполни три дена по повикот до политичките партии, доби поддршка од повеќе политички лидери во земјава. Успех кој не беше ни во најдобрите сценарија на тимот на Цивил.

Цивил упати јавен повик, кој сѐ уште трае, до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина и интеграција на нашата земја во ЕУ. Тоа можат да го сторат на едноставен начин: на профилите на социјалните мрежи на партиите, ограноците или на партиските лидери, да го споделат линк до песната од видео каналот ЈуТуб или од Фејсбук.

ПОВИКОТ СЀ УШТЕ ТРАЕ. Политичките партии се добредојдени да ја споделат македонската верзија на „Insieme/Заедно“ на своите профили на социјалните мрежи и на тој начин да ја изразат поддршката за европските перспективи на нашата земја.

Од ВМРО-ДПМНЕ први се одзваа на повикот на Цивил.

„ВМРО-ДПМНЕ со свој придонес кон иницијативата за општествено и политичко обединување за европски вредности и интеграција во ЕУ“ – напишаа од партијата на својот профил на Фејсбук.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поддржа иницијативата на Цивил со зборовите:

„Нема поголема македонска кауза од обединувањето на сите наши граѓани околу европската иднина на нашиот народ и нашата татковина.“

СДСМ се придружи кон Иницијативата со споделување на песната на партиската ФБ страница, со пораката:

„СДСМ ја поздравува и ја поддржува иницијативата на ЦИВИЛ за општествено и политичко обединување за европска иднина на нашата земја. Да создадеме заедништво околу европскиот пат! Македонската изведба на евровизискиот хит од деведесеттите INSIEMЕ/ЗАЕДНО звучи одлично! #MKinEU.“

Потоа следеше поддршка од партијата Алтернатива која на својата партиска ФБ страница објави:

„Алтернатива се приклучува на иницијативата на Цивил МК за промоција на домашната верзија на песната „Insieme“ (Заедно)“.

Д-р Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците, на својата јавна ФБ страница напиша:

„За европска иднина на сите граѓани на Република Северна Македонија. Ја поддржуваме иницијативата на ЦИВИЛ – Центар за слобода и музичките ѕвезди.“

И лидерот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, ја сподели песната „Insieme/Заедно“ на својот профил.

СДСМ одговори на повикот на Цивил за промоција на европските вредности и преку сценсја изведба на „Insieme/Заедно“, на сцената на големиот партиски настан под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, на 17 декември.

Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек. Цивил ги повика сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија.

Повикот за општествено и политичко обединување за европската иднина е во тек.

Цивил им заблагодарува на сите политички партии и лидери кои ја дадоа својата поддршка за проевропската иницијатива и ги очекува пораките од другите политички партии со потврда на нивната поддршка.

ЦИВИЛ

Европска унија ЕУ Интеграции обединување политички партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.