НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комитетот на американскиот Конгрес се очекува да даде препорака за кривична постапка против Трамп

0
By Gabi Tocko on December 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот на американскиот Конгрес за истражување на насилството од 6 јануари 2021 година со упадот во Капитол Хил во Вашингтон денеска ќе го одржи својот последен состанок, со очекување да даде препорака до Министерството за правда да разгледа можност за покренување кривична постапка против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Специјалниот комитет на Претставничкиот дом го сочинуваат седум демократски и двајца републикански конгресмени, а нивната препорака може да се однесува и на советници и вработени во администрацијата, кои му помогнале на Трамп да покрене кампања насочена кон промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои победи Џо Бајден.

Иако препораката за поведување кривична постапка е главно симболична по природа, имајќи предвид дека Министерството за правда го има последниот збор за тоа дали ќе покрене обвинение, сепак станува збор за одлучен завршеток на истрагата која уште од самиот почеток има точно определена цел.

Верувам дека претседателот Трамп го прекршил кривичниот закон по повеќе основи и дека тој мора да биде третиран како секој Американец кој го прекршил законот, што значи дека мора да биде кривично гонет, изјави за Си-Ен-Ен членот на Комитетот и член на Демократската партија, конгресменот Адам Шиф.

Комитетот беше формиран во јули 2021 година кога демократите го имаа мнозинството во Претставничиот дом, а ќе се распушти на 3 јануари кога новото републиканско мнозинство ќе ја преземе контролата врз Долниот дом на Конгресот.

За време на својот мандат Комитетот спроведе повеќе од илјада интервјуа поврзани со нападот на толпата на Капитол на 6 јануари, одржа 10 јавни сослушувања и собра повеќе од милион документи.

Капитол Хил Конгрес Кривична постапка САД Трамп упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.