НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Владата ja разгледува пресудата од Арбитражниот суд во Париз, побаруваната сума може да биде предмет на понатамошни договарања

0
By Соња Крамарска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно пресудата, отштетното побарување што е досудено од Арбитражниот суд во Париз е за 50 отсто пониско од првичното барање, односно отштетното побарување пресудено од судот во Париз, е 21,5 милиони евра. Тоа значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на првично бараниот износ, вели советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов.

Може да напоменам, додаде, дека и оваа сума може да биде предмет на понатамошни усогласувања или договарања како што тоа е направено во 2008 година, кога е постигнат договор за порамнување.

Арбитражниот суд во Париз пресуди против Македонија во спорот во кој некогашната грчка компанија „Хеленик петролеум“, а сега „Хеленик енерџ“, ја тужи нашата држава за непочитување на договорот за продажба на ОКТА, со кој Владата на Љубчо Георгиевски во 1998 година се обврзала во наредните 20 години на годишно ниво да купува 500 000 тони нафта.

Дека пресудата е пристигната денеска потврди и соработникот за енергетика во Владата Виктор Андонов.

„Пресудата е пристигната во Владата претходните два-три дена. Тоа е процес во кој Република Северна Македонија е тужена страна од страна на ‘Елпет’ од Република Грција, а поврзан со обврските од купопродажниот договор на Рафинеријата ОКТА и се однесуваат на обврските кои ги има во тој договор, односно за годишен откуп на минимални количини на мазут“, изјави Андонов на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Вкупното отштетно побарување од „Елпет“ кон Република Северна Македонија, додаде Андонов, заедно со каматите изнесува 42 646 илјади евра.

„Согласно пресудата отштетното побарување кое е досудено од Арбитражниот суд во Париз е за 50 отсто пониска од првичното барање, односно отштетното побарување, пресудено од судот во Париз, е 21 478 797 евра. Тоа значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на првично бараниот износ. Во моментот адвокатскиот тим ‘Дехерт’, кој е ангажиран од Владата и не застапува, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со координативното тело од Владата кое е задолжено за арбитражните постапки ќе предложат на Владата соодветни чекори кои треба да се преземат во однос на објавувањето на пресудата“, нагласи Андонов.

Околу информациите дека овие побарувани средства ќе бидат инвестирани во нафтоводот каде Владата има 20 отсто и дека тоа ќе значи истиснување на Владата и промена на сопственоста, Андонов рече дека тој процент акции кои се наоѓаат во претпријатието „Нафтовод“, кое е заеднички формирано, произлегува од пресудата во 2008 година во која беше задолжена „Елпет“ да формира заедничко претпријатие за нафтоводот кој го изградија, а во кој 20 отсто ќе припаднат на Владата.

„Во овој момент не се разговара за такви активности бидејќи се чека да заврши овој период по објавување на пресудата. Меѓутоа, можам да напоменам дека и оваа сума може да биде предмет на понатамошни усогласувања или договарања како што тоа е направено во 2008 година, кога е постигнат договор за порамнување. Пресудената сума во Париз била намалена за околу 40 отсто. Во периодот што следува ќе има официјална информација и преземените чекори од страна на Владата“, рече Андонов.

 

 

 

„Хеленик Петролеум“ Виктор Андонов пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.