НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството отвори истрага за митото на Табановце

0
By Соња Крамарска on December 27, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Од апсењето на Табановце
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на расположливите докази донесе наредба за истражна постапка против четири лица за кривично дело „злосторничко здружување“ и „поткуп“, додека останатите пријавени за „злоупотреба на службената положба“ се опфатени во скратена постапка.

Причина за истрагата се сознанијата дека на граничниот премин Табановце група полициски службеници на организиран начин барале и примале мито поради што по наредба на обвинител беше спроведена полициска рација. Притоа беа претресени 27 полициски службеници, како и службените простории на граничниот премин и домовите на дел од пријавените и при што беа приведени девет полициски службеници.

Случајот, инаку, започнува на почетокот на 2020 година, кога командир на полициската служба за гранични проверки, двајца виши полицајци во истата служба и еден полициски службеник, создале група со цел да примаат поткуп, за што како што наведе Обвинителството во денешното соопштение, предвидената казна е затвор од три години или повеќе години. Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на полициската служба за гранични проверки ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата.

Тројцата, како полициски службенци кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10, 20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра.

На 25 декември при спроведените претреси кај наведените службеници се пронајдени предмети, подароци и поголема сума на пари за кои постојат сомненија дека потекнуваат од примениот поткуп. Па така, кај четвртоосомничениот се пронајдени 15.795 евра во банкноти во апоени од по 5 евра, 10 евра и 20 евра и 30 швајцарски франци, додека кај првоосомничениот се пронајдени 210.000,00 денари во апоени од по 1.000 и 2.000 денари. Воедно, во зградата на ГП Табановце во просторијата – кујна во метален сад сместен во висечки орман се пронајдени 420 евра и 20 франци што осомничените ги сокриле како пари примени тој ден како поткуп.

Вчера надлежниот обвинител побара притвор во траење од 8 дена за две лица,  додека за петмина за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство.

ГП Табановце мито обвинителство Полициски службеници притвор Рација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.