НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катаргејт: Адвокатот на грчката пратеничка Ева Каили тврди дека во скандалот се вмешани и германски и француски европратеници

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Грчката европратеничка Ева Каили која се уште е во притвор, е во центарот на скандалот Катаргејт
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пјер Антонио Панцери, наводниот организатор на скандалот Катаргејт, се очекува да и даде на белгиската правда нови имиња на пратеници на ЕУ од Германија, Франција и Италија, изјави во понеделникот адвокатот на затворената грчка европратеничка Ева Каили.

„Доаѓаат пораки и вести дека тој ќе каже имиња на нови инволвирани пратеници во скандалот и тоа европратеници од Германија, Франција, Италија и Белгија“, изјави адвокатот Михалис Димитракопулос во интервју за ТВ каналот Контра.

Панцери се договори со белгиската правда да проговори и да ги опише деталите за скандалот во замена за поблага казна. Панцери денес ќе сведочи за прв пат откако склучи договор со белгиските власти.

Но, за Димитракопулос, Панцери направи потег од висок ризик. „Му рекоа дека ќе остане во затвор една година, но ќе им ги даде имињата што ги сакаат“, рече тој, навестувајќи дека Панцери е политички изманипулиран.

„Сега тој е целосно недоверлив и единствено што се грижи е да ги спаси сопругата и ќерката, а што и да му дадат, тој ќе потпише“, додаде грчкиот адвокат.

Димитракопулос, исто така, рекол и дека договорот што Панцери го направил со белгиските власти ќе „пропадне“ во одреден момент бидејќи „ќе има силни реакции од луѓето што Панцери ќе ги обвини“.

Тој рече дека двајца белгиски европратеници веќе се против него и од нив се очекува да откријат работи против Панцери, што тој самиот досега ги криеше. „Значи, договорот ќе пропадне во овој случај“, рече тој.

Извор близок до случајот изјави за EURACTIV дека според договорот, Панцери мора да им ја каже целата вистина на белгиските правосудни органи и да не крие ништо. Ако не го стори тоа, тој не само што „го прекршува договорот“, туку и ќе биде обвинет за „попречување на правдата“.

Извор: Еуроактив

европратеници Катаргејт сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.