Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ е подготвен да го прифати членството на Косово во ОН?

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 11:36

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека би можел да го прифати француско-германскиот план за нормализација на односите со Косово. Западните преговарачи му дадоа избор- да го прифати планот или да ги трпи последиците од прекинот на преговорите за пристапување во ЕУ и повлекување на странските инвестиции, објасни тој самиот на прес-конференцијата која беше емитувана во живо на националната телевизија во понеделникот вечерта, пишува Дојче Веле.

„Доколку изборот е да добиеме санкции- а што би била полоша санкција од повлекување на инвестициите- или од друга страна да прифатиме се што ќе значи членството на Косово во ОН, тогаш сум за патот на компромисот, колку и да е тој спорен“, рече Вучиќ.

За француско-германскиот план се дозна есента минатата година. Тој никогаш не е официјално објавен, но неговите клучни точки се познати откако им беше доставен на двете страни. Планот, меѓудругото, предвидува Србија и Косово взаемно да си ги признаат границите, иако формално не се признаваат како држави.
Конкретно, тоа би значело дека Србија би престанала да го блокира членството на Косово во меѓународните организации, што таа го прави со активна поддршка од Русија. Приемот на Косово во ОН досега не успеваше поради ветото на Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН.
„Нема збор за тоа дека го поддржуваме влезот на Косово во ОН, но де-факто би го прифатиле неговото членство“, вели Вучиќ.

Доколку тоа се случи, тоа всушност би бил пресврт во косовската политика на Вучиќ, која досега беше заснована врз српскиот национализам, оценува ДПА.
„Геополитичката ситуација се смени“, вели Вучиќ. Поради руската агресорска војна против Украина владее „нервоза во Европа“ и „авантурите во сопствениот двор“ повеќе не се толерираат, го цитира Вучиќ агенцијата ДПА.
Француско-германскиот план стана план на ЕУ кој го поддржуваат и петте земји-членки кои се уште не го признале Косово: Шпанија, Грција, Романија, Словачка и Кипар.

Поради тоа, очигледно има превирања во СНС, партијата на претседателот. На седницата на одборот на СНС минатиот викенд неколку учесници изразиле противење на евентуалната промена на курсот. Вучиќ, кој е и шеф на СНС, тогаш се заканил со оставка, по што сите критики стивнале, пренесоа српските медиуми.
Вучиќ во понеделникот нагласи дека сѐ уште ништо не е решено. Последниот збор би можел да го има српскиот парламентот, а „можеби и народот“, заклучува во извештајот ДПА.

Извор: Дојче Веле

Александар Вучиќ Косово Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.