НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кристофер Хил во Белград: Европскиот предлог е вистинскиот пат што треба да се следи

0
By Соња Крамарска on January 25, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Танјуг
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД разбираат оти Србија има свое историско искуство со санкциите, но, како што истакнува, почнала да плаќа превисока цена за воздржаноста во прашањето за санкциите против Русија.

Хил, одговарајќи на новинарски прашања, колку е реално ЕУ да воведе санкции кон Србија доколку Србија не го прифати новиот европски предлог за решение на косовското прашање, рече дека не е во позиција да зборува за тие можни санкции, но дека ЕУ е сериозна во врска со санкциите против Русија во кои учествуваат сите иако не им е лесно.

„Санкциите наметнати од ЕУ кон Русија беа воведени за да се запре страшната и незаконска агресија врз нејзиниот сосед – Украина“, изјави Хил за новинарите пред почетокот на конференцијата „Борба за заробување на државата во Југоисточна Европа“.

Тој додава дека што се однесува до САД и ЕУ, европскиот предлог е вистинскиот пат што треба да се следи за да се реши проблемот што не оптоварува сите повеќе од 20 години.

„Затоа треба сериозно да го разгледате овој предлог и да размислите како да го усвоите и да работите на него“, рече Хил.

Одговарајќи на новинарско прашање дали му се чини дека Белград е поподготвен да го прифати европскиот предлог од Приштина и Албин Курти, Хил вели дека Европејците вложиле големи напори да ги зближат двете страни и во оваа смисла потсетува дека на двапати советници престојуваа и во Белград и во Приштина за национална безбедност.

„Сите се обидуваат да најдат решение за да можеме уште еднаш да видиме воспоставување мир и позитивни ситуации во регионот. САД 100 проценти го поддржуваат предлогот на ЕУ, се разбира, тоа е процес и ништо не е завршено додека не се заврши. Тоа значи дека ќе биде потребно време. Што се однесува до Албин Курти имавме многу средби со него, но јас не би ги кажал неговите ставови наместо него“, рече американскиот амбасадор.

европски предлог Косово Кристофер Хил Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.