Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе го најде ли браварот-детектив клучот на срцето на МКЦ или Арсовска ќе инсталира салунска унгарска врата?

0
By Ана Василевска on January 25, 2023 КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2023 14:20

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Стотици граѓани од неколку генерации се собраа во неделата на музичко протестен хепенинг пред платото на Младинскиот културен центар да изразат незадоволство од притисокот на градоначалничката за смена на директорот. Новиот менаџер поставен од Данела Арсовска, извесен Никола Алексов, детектив по професија кој никогаш никој не го видел на ниту еден културен настан и веројатно во МКЦ стапнал сега по прв пат, стигнал со помошна Џи-Пи-Ес, ориентиран според дискотеката „Хард рок“, или „знаеш она место пред кое по полноќ стојат ноќните дами“, пред да ја заврши примарната задача за која е поставен (да потпише вработување за Арбен Шаќири), како најважно ги сменил бравите во институцијата. Се извинувам за овие инсинуации, но кога некој упорно не се појавува пред јавноста да се претстави, што е должност кога имаш јавна функција, остава простор за шпекулирање за неговиот портрет од информациите со кои располагаш.

Не е спорно дека сега има одврзани раце и да направи и казино, во сред МКЦ ако му е волја, бидејќи навистина е нејасно што друго ќе прави ваков профил на човек таму. И кога сме кај самоволието тоа е демонстрирано на дело. Нетранспарентноста и недостапноста за медиумите и јавноста за коментари, ставови и информации односно класично „неебавање“ на никого ни е познат манир на владеење од црните грујови денови.

Од музичкиот протест пред МКЦ
Од музичкиот протест пред МКЦ

Тоа што за жал, уште ме зачудува е бесрамноста да се вплеткаш каде што не ти е место  и да не се потрудиш барем да лажираш заинтересираност кон револтот на оние речиси илјада луѓе во неделата собрани пред МКЦ.

Ок, коментари на социјалните мрежи, како собирот бил партиски, е обид за спинување на една фактичка реалност која само слепец не може да ја види.

Од музичкиот протест пред МКЦ
Од музичкиот протест пред МКЦ

Има нашата држава поголеми проблеми од ова, граѓаните се изморени од секојдневните битки и можеби се чини маргинално и беингно тоа што некој сака да го закопа срцето на градската култура. Можеби има точност и во некои индиции дека има некои нерегуларности во администрирањето на касата на МКЦ, но тоа е друга тема. Понекогаш преполната чаша ја прелива само една навидум, безначајна капка. Тука, во овој случај, поткусурувањата на Данела и нејзиниот обид за инсталации како ќе и текне, по пријателски и не знам уште каков долен мотив, не смеат да поминат. Баш како пример дека местенки на позиции не се шаховска табла која може да ја редиш како ќе ти текне, без да запазиш елемантарни критериуми за компетентност.

Таа критична маса што се собра во одбрана на МКЦ, ниту е дезоирентирана багра која дојде за сендвич со автобус, ниту очекува некој таму да добие било што од МКЦ.

Колку и да звучи чудно во нашата изопачена општествена реалност, уште има луѓе на кои им се важни обични нешта и кои сакаат да го задржат културниот дух на битисување. Оваа институциија има поддршка за проекти и од европски фондови па не знам каков впечаток ќе добијат тие од последните настани, и можеби ќе се повлечат и пред онаа минимална но значајна финансика помош за нашата култура, особено откако таа е брутално кастрирана со последниот буџет доделен на МКЦ од Градот.

Сега, што е следно по смена на бравите, да очекуваме ограда како онаа што режимот ја постави пред Влада, или некоја декорирана унгарска порта како симбол на моќта на конзулката и нејзините одлични врски со продолжената македонска рака на Виктор Орбан?

„МКЦ не е партиска цицка“, „Културата е скапа, но некултурата е поскапа“ беа двата едвај забележливи но многу силни транспаренти на мирниот собир во неделата. Пораката е пратена, и за оние кои е потребен превод на ова: Не може да се поигруваш со освестена и писмена критична маса со насилни методи од позиција на моќ, се лизнале во историјата многу поголеми од една градоначалничка , која не знае каде тера.

Да живее андерграунд културата, не подземјето!

 

 

 

Град Скопје Данела Арсовска култура МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.