НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ најави дека Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија

0
By Ана Василевска on February 3, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно.

„Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка посветеност на нашето раководство, рече Вучиќ“, пренесе „Н1 Србија“.

Претходно вчера претставници на опозицијата, извикувајќи „Предавство“, „Косово е Србија“ и обвинувајќи го за предавство на Косово, го прекинаа претставувањето на Вучиќ на предлогот на Европската унија за решение на косовското прашање, а вербалниот конфликт беше на работ на физичка пресметка.

Српскиот претседател јасно кажа дека не му се допаѓа европскиот предлог.

„Ги претставив најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата“, рече Вучиќ на специјалната седница на српскиот Парламент за Косово, на која се очекуваше да ги запознае претставниците со француско-германскиот план за решавање на косовското прашање.

По неодамнешната средба со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалог со Косово, а потоа беше изложен на притисок да го претстави планот пред парламентот, што ни вчера не го направи во целост, туку тврдеше дека се работи за документ кој има статус на „нон пејпер“.

Денови пред седницата Вучиќ повикуваше на „национално единство“.

„Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ“, рече Вучиќ и потврди дека водењето на државата бара огромна одговорност.

Предлогот на ЕУ, поддржан од Германија, Франција, Италија и САД, беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември минатата година и предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница во Косово. Белград инсистира дека формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е клучна точка за продолжување на натамошниот дијалог за конечното решение.

Вучиќ рече и дека Белград „не може да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа и НАТО“.

Александар Вучиќ НАТО Санкции Русија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.