Published: Tuesday, February 21, 2023 09:21
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја започнува дводневната посета на Полска. Бајден пристигна синоќа во Варшава, по ненадејната посета на Украина.
Како што соопшти Белата куќа, Бајден во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Тој ќе одржи говор една година од бруталната и неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, за тоа како САД го собраа светот да ги поддржи Украинците во одбрана на слободата и демократијата и ќе го поддржува Киев се додека е потребно.




