НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: ИПА Програмата е поддршка за клучните реформски активности

0
By Marta Pesevska on March 8, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска копретседаваше со Комитетот за мониторинг на ИПА, заедно со директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, Михаела Матуела.

– Ефикасното програмирање на проекти во оваа фаза од преговорите ќе биде клучно за напредокот во реформите, но и важно за областите на транспорт и енергетика. Од тоа ќе зависи динамиката на процесот на преговори, но е и од големо значење за нашите граѓани, за регионот, како и за самата ЕУ, бидејќи на овој начин придонесуваме за наше посилно поврзување, побрзо интегрирање и напредок, рече вицепремиерот Маричиќ пред членовите на Комитетот за мониторинг на ИПА.

Маричиќ додаде дека Владата е целосно посветена да продолжи да испорачува и обезбедува непречен напредок на пристапните преговори, а добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на владината агенда.

Директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, Михаела Матуела, во своето обраќање кажа дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и дека е важно е земјата да продолжи да ги унапредува реформите поврзани со ЕУ, пред сè во интерес на сите граѓани.

– Стоиме покрај вас и посветени сме да ја придружуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, вклучително и преку нашата финансиска помош. Во овие важни моменти разговараме и за нашата финансиска соработка, рече Матуела, додавајќи дека ЕУ е со нас во справувањето со последиците од руската инвазија на Украина, потенцирајќи го енергетскиот пакет поддршка од 1 милијарда евра и Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, кој ја вклучува и Северна Македонија.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот се заблагодари за помошта за време на пандемијата COVID-19 и неодамнешната поддршка со енергетскиот пакет и истакна дека ЕУ е најголемиот донатор и инвеститор во Северна Македонија.

Маричиќ посочи дека планирањето на ИПА на национално ниво треба дополнително да ја зајакне реформата на јавната администрација, решавањето на прашањата поврзани со заштита на животната средина, да ги подобри услови за владеење на правото, слободата на изразување и социјалната вклученост.

Во однос на пристапните преговори Маричиќ рече дека добро би било да имаме повеќе инвестиции во рамките на ИПА, кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и укажа дека треба да имаме пофлексибилна и попрецизна помош, која се заснова на препораките од скрининг извештаите и извештаите за напредок.

На Комитет за мониторинг на ИПА, прв откако Северна Македонија стана земја преговарач со ЕУ, беше дискутирано за статусот на имплементација на ИПА II и ИПА III, предизвиците со кои се соочуваме, како и за мерките и активностите што во текот на оваа година треба да се преземат во спроведувањето на ИПА, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

инвестиции во рамки на ИПА маричиќ напредок реформи скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.