НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада на САД во БиХ: Додик воведува репресивен режим во Република Српска

0
By Ана Василевска on March 10, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавите за властите во Република Српска за криминализирање на клеветата и воведување регистар на „странски агенти“ наидоа на остра осуда и од американската Амбасада во БиХ, предупредувајќи дека тоа се планови чија јасна намера е репресија и ограничување на слободата на изразување.

Американската дипломатија жестоко реагираше на најавите за измени на Кривичниот законик во Република Српска, со што ќе се воведат драстични казни за клевета, односно повреда на честа и угледот, како и на најавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека тој  предлага во ентитетот да се донесе закон со кој ќе се воведе обврска за регистрација на „странските агенти“, односно организации кои добиваат финансиска помош од странство.

Додик оваа новина ја соопшти во исто време кога во Грузија избија масовните немири поради обидите на властит е во земјата да воведат сличен закон.

„Властите во Република Српска објавија планови за усвојување два репресивни, недемократски закони, што, доколку се спроведат, драстично ќе ги прекршат правата и слободите на луѓето кои живеат во Република Српска. Овие закони само ќе и користат на владејачката коалиција во нејзините напори да ја зацврсти својата моќ, а ќе бидат на штета на сите други“, соопшти американската амбасада во врска со плановите на Додик.

На почетокот на неделава Додик новинарите кои ја критикуваат неговата влада ги нарече „плашила“, а веднаш потоа вандали, кои полицијата до денеска се уште не ги пронајде, ги оштетија автомобилите на двајца такви новинари во Бања Лука.

Амбасадата на САД наведува дека ги гледа законите објавени од владата на Додик како обид да се стигматизираат и замолчат независните гласови во Република Српска кои сакаат да изградат демократска и просперитетна иднина за нејзините жители.

Предложените закони ќе им отежнат на граѓаните да бараат одговорност од владата на Република Српска и ќе овозможат непречено зголемување на корупцијата, соопшти амбасадата.

Милорад Додик Република Српска САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.