Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андреја Стојковски и Мемет Жаку ќе му помагаат на Бујар Османи во претседавањето со ОБСЕ

0
By Соња Крамарска on March 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Андреја Стојковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2023 13:55

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на претседавањето на Северна Македонија до ОБСЕ во 2023, назначи двајца нови специјални претставници на претседавачот: за невладини организации, Андреа Стојковски и за млади, Мемет Жаку.

Османи, како што велат од неговиот прес офис, „водејќи сметка за важноста на невладиниот сектор, како и иднината и позицијата на младите во земјата и во ОБСЕ регионот, во листата на свои специјални претставници ги додаде и овие две позиции, покрај претходно назначените вообичаени специјални претставници на претседавачот на ОБСЕ, кои ќе му помагаат во неговата работа со цел да се обезбеди подобра координација на напорите на земјите-учеснички за промоција на улогата на овие области“.

„Стојковски и Жаку, во рамките на нивните мандати и во тесна координација со Османи, ќе дадат поддршка за реализирање на активностите кои нам ни се битни, како и ќе допринесат за зајакнување на позицијата на невладиниот сектор и на младите во сите аспекти на  ОБСЕ, преку промоција на политичката димензија на нивните портфолија и соодветно застапување на интересните групи, организирање на низа форуми, конференции и други слични настани“, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Задоволство ми е да ги претставам Стојковски и Жаку, како мои специјални претставници во рамки на претседавањето со ОБСЕ, за кои сум уверен дека достоинствено ќе се носат со позицијата. Перспективите и придонесите на граѓанското општество и на младите се значајни во работата на сите три димензии“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата досега има назначено голем број лични и специјални претставници при вршењето на улогата претседавач на ОБСЕ. Меѓу имињата се  Хенрик Виладсен, проектен координатор во Украина, Андреј Каспжик, за конфликтот кој се решава во рамки на Минската конференција на OБСЕ, Томас Мајер-Хартинг, за процесот на разрешување на разликите поврзани со Транснистрија, Виорел Мошану, за Јужен Кафказ, Лилиана Палиховичи, за родова еднаквост; Анита Рамасастри, за борба против корупција, Валиjант Ричи, за борба против трговија со луѓе, Исмаил Хаки Муса, за борба против нетолеранција и дискриминација спрема Муслиманите, и други. Од Македонија за претставник е назначен и полковник Горан Василевски, поранешен шеф на разузнувањето на Армијата и сегашен  раководител на Групата на високо ниво на ОБСЕ за планирање.

Андреја Стојковски Бујар Османи ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.