Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ одобри 15,6 милијарди долари за Украина

0
By Соња Крамарска on March 22, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2023 13:20

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека постигнал договор со Украина за финансирање во вредност од 15,6 милијарди долари.

Првиот заем се очекува да биде одобрен во наредните недели.

Тоа би бил и еден од најголемите финансиски пакети што Украина ги добила од почетокот на руската инвазија.

ММФ неодамна го промени правилото за да дозволи заеми на земјите кои се соочуваат со „исклучително висока неизвесност“.

„Руската инвазија на Украина продолжува да има разурнувачки ефект врз економијата: активноста е намалена за 30 отсто во 2022 година, голем дел од капиталот е уништен, а нивоата на сиромаштија се зголемуваат“, рече претставникот на ММФ, Гевин Греј.

Програмата е дизајнирана во согласност со политиката на новиот фонд за кредитирање во услови на исклучително висока неизвесност, а се очекуваат силни финансиски гаранции од донаторите, вклучително и Г7 и ЕУ, соопшти ММФ.

Греј, исто така, рече дека договорот ќе „мобилизира концесиско финансирање  од големи размери“ за Украина од меѓународни донатори и партнери. Средствата сè уште треба да бидат одобрени од извршниот одбор на ММФ.

ММФ очекува оваа година украинската економија да забележи благ пад или раст.

Украинскиот премиер Денис Шмихал рече дека финансирањето ќе и помогне на земјата „да ги финансира сите критични расходи и да обезбеди макроекономска стабилност и да ја зајакне нашата интеракција со другите меѓународни партнери“.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен, која беше во ненадејна посета на Украина минатиот месец, рече дека амбициозната и соодветно условена програма на ММФ е клучна за поддршка на реформските напори на Украина.

САД се најголемиот акционер на ММФ и најголемиот придонесувач за Украина во однос на потрошените пари.

Претходно оваа година, претседателот Џо Бајден најави речиси половина милијарда долари повеќе воена помош на САД за Украина.

заем ММФ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.