Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Изготвени нацрт верзии на новите закони за средно, за стручно образование и обука и за образование на возрасните

0
By Ана Василевска on March 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 24, 2023 14:32

Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обука, како и образованието на возрасните. Нацрт верзиите се изготвени низ повеќе дискусии организирани периодов со засегнатите страни и во нив интегрирани се сите конструктивни забелешки. Два од законите веќе беа објавени и на ЕНЕР системот каде граѓаните дадоа свои сугестии и предлози за да се унапреди содржината пред испраќање во Собранието. Наскоро и Законот за средно образование ќе се објави на владиниот систем, велат од Министерството за образование.

Новите закони за средно и за стручно образование и обука, како што посочуваат од МОН, првенствено треба да обезбедат повеќе права и можности за учениците, наставниците, стручните соработници, бизнис заедницата. – Со истите се предвидува унапредување на практичната обука и концептот на дуално образование кој има голема улога во поврзувањето на образовниот систем со пазарот на трудот, а фокусот е ставен и на подигнување на степенот на инклузивност во формалното и неформалното образование, додаваат од МОН.

Оттаму нагласуваат дека новиот Закон за образование на возрасните ќе го зајакне системот за валидација на неформалното учење со што ќе им се овозможи стекнување на квалификации на повозрасните лица со ниско ниво на образование кои имаат минимални или се без квалификации, со што пазарот на труд ќе се отвори и за нив и полесно ќе можат да дојдат до соодветен работен ангажман.

Министерството за образование и наука во денешното соопштение изразува благодарност до сите учесници во процесот на креирање на законските решенија – јавноста, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, средните училишта, меѓународните партнери Делегацијата на ЕУ, УНДП, УСАИД, ОБСЕ, Хелветас и стопанските комори и ги охрабрува сите останати во следните денови да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите верзии.

МОН Нацрт закони Образование за возрасни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.