НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Рама-Курти во Тирана

0
By Marta Pesevska on March 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Средба-Рама-Курти/Фото: МИА/Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама.

-Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и натамошниот напредок во процесот на неговата имплементација, напиша Рама на Фејсбук.

На Албин му ги изразив сите мои симпатии за храброста и реализмот со кои тој направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори, како за гаранција на српските општини во рамките на асоцијација која го гарантира  самоуправувањето на српската заедница, како и функционирањето  со потребните гаранции, на Српската црква во нејзините верски објекти и нејзините  богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој не лесен процес ја има мојата целосна поддршка, пишува Рама.

Додава дека се договориле следната заедничка седница на владите на двете земји да се одржи во јуни.

Ова ќе биде деветта заедничка седница на двете влади, по онаа во јуни минатата година.

Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“.

За првпат заедничка седница одржаа и парламентите на двете земји на 27 ноември минатата година во Тирана ден пред одбележувањето на денот на независноста на Албанија, 28 ноември.

Извор: МИА

курти Охридски договор Рама Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.