Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина 399. ден | Путин не ги доби посакуваните гаранции од Кина – Зеленски го кани Си Џинпинг да ја посети Украина

0
By Marta Pesevska on March 29, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2023 17:50

Украина денес се наоѓа во 399-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

 

Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија има намера да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија сигнализира дека рускиот лидер не ги добил посакуваните гаранции за време на неговата средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Асошиетед прес.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Кијив за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија.

Олимпискиот шампион во бокс Владимир Кличко од Украина изјави дека претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах им служи на руските интереси поради предлогот за повторен прием на спортисти од Русија и Белорусија на меѓународните спортски натпревари.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија.

Србија не е неутрална во однос на војната во Украина, точно е да е воено неутрална, но не и политички, изјави министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ и додаде дека Србија „постојано изразува поддршка за територијалниот интегритет на Украина“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.

Министерството за надворешни работи на Кина нема информации за можна средба меѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателот на Народна Република Кина Кси Џинпинг.

Русија не успеа во своите напори за „информатичко уништување“ на Украина, кои ги вложува истовремено со обидот за инвазија, а проруските напади се прелеаа и во европските земји, истакнуваат информатички експерти од групата Талес во денеска објавен извештај.

САД се залагаат за формирање на специјален суд за руското „злосторство агресија“ против Украина, кое ќе биде „вкоренето во украинскиот правосуден систем“.

Првиот човек на Агенцијата на ОН за атомска енергија, Рафаел Гроси, денеска тргна во посета на нуклеарната централа Запорожје, во југоисточна Украина, која со месеци наназад е окупирана од руските сили.

Шпанија има намера да ги испрати првите шест главни борбени тенкови Леопард 2А4 во Украина по Велигден за да му помогне на Кијив да се спротивстави на руската инвазија, пишува весникот Ел Паис, кој се повикува на извори од шпанската влада.

Инвазија Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.