Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески – Филипиду: Инфраструктурата во регионот клучна за бизнис секторот

0
By Jane Gjorgioski on April 6, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2023 19:01

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду. На работниот состанок учествуваа и извршниот директор на Комората, Антони Пешев, како и оперативната директорка Билјана Пеева Ѓуриќ.

Како што соопшти Комората, во фокусот на разговорот беше економската соработка помеѓу двете земји, но и пошироко во целиот регион, со акцент на инфраструктурата која е клучна за бизнис секторот.

Азески ја искористи можноста да потенцира дека за стопанството е важно да се зголеми протокот преку железницата и солунското пристаниште, да има редовни авионски линии со Република Грција, а енергетската криза покажа и дека во функција треба да се стави нафтоводот Скопје-Солун, кој со години не работи.

На работната средба Азески ја запозна амбасадорката Филипиду со активностите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го претставува гласот на приватниот сектор од шестте земји на Западен Балкан, при што нагласи дека треба да се даде приоритет на зголемување на извозот, регионалната соработка и заеднички настап на компаниите од овие земји на трети пазари.

Се дискутираше и за улогата на Стопанската комора во поврзување на регионалните комори од двете земји, можноста да се зголеми соработката со цел да се искористи искуството на нашите соседи за едукација на македонските компании при користењето на ЕУ фондовите, како и мапирање на важни саемски манифестации во Република Грција каде компаниите од регионот преку КИФ ќе може да настапат заедно.

Амбасадорката Филипиду се заблагодари за реализацијата на средбата и искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.

Бранко Азески Софија Филипиду
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.