Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лаутербах прогласи крај на корона епидемијата во Германија

0
By Ана Василевска on April 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Карл Лаутербах
Карл Лаутербах
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2023 11:46

Во Германија на полноќ измина условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против коронавирусот, а германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ја прогласи епидемијата за завршена.

Тој оцени дека Германија успешно ја надминала епидемијата, но истакна дека не е јасно како ќе продолжи финансирањето на вакцините по истекот на Регулативата за вакцинација против коронавирусот.

Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнецајтунг“.

До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска ФФП2, а истото важи и за пациентите и посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа. Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште можат да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа.

Шефот на Националната асоцијација на лекари за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен истакна дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена институција посебно.

Директорот на германското здружение на болници, Џералд Гас нагласи дека болниците се навикнати да „утврдуваат хигиенски мерки за заштита на своите пациенти, дури и независно од короната“

Германија епидемија Карл Лаутербах Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.