НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпретседателот на Врховниот суд на Грција поднесе оставка

0
By Соња Крамарска on April 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на Врховниот суд на Грција и претседател на граѓанскиот сектор во судот Христос Ѕанерикос денеска си поднесе оставка, по реакциите во земјата откако јавно излезе со став за новиот амандман на Владата поврзан со учеството на изборите на партијата на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.

Амандманот на Владата веќе е во Парламентот, а како што претходно објави МИА, потпретседателот на Врховниот Суд Христос Ѕанерикос коментираше дека конкретниот амандман е директна интервенција во работата на судот, нешто што предизвика реакции од професори по уставно право, како и од партиите.

Ѕанерикос, освен потпретседател на Врховниот суд, беше и претседател на граѓанскиот сектор А1 во судот, сектор надлежен да одлучува дали партиите кандидирани на изборите ги исполнуваат уставните критериуми за учество во процесот.

Според веќе изгласаниот закон се забранува на изборите да учествува партија чиј претседател, генерален секретар или лидер е осуден за криминално дело, а надлежен да донесе одлука за секоја од партиите е токму А1 секторот од Врховниот суд.

Со амандманот, што се очекува утре да биде ставен на гласање пред пратениците, за учеството на партиите на изборите ќе одлучува пленарната седница на судот и сите десет судии, а не конкретниот сектор.

За оставката на Ѕанерикос, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг рече дека нема коментар, но посочи дека за две месеци поради возраста, му истекувал мандатот на потпретседателот на Врховниот суд.

„Не постои ниту најмала интервенција на Владата во работата на правдата“, истакна Иконому.

Паралелно, ги потврди информациите на опозицискиот весник „Документо“ дека постоела средба на потпретседателот на Врховниот суд со државниот министер и министер за транспорт Јоргос Герапетритис.

Објасни дека на средбата немало никаков обид за мешање во работата на судиите, туку Герапетритис инситуционално го информирал Врховниот суд и имал консултации во однос на новиот амандман.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, претседателката на Врховниот суд, Мариа Георгиу, до која беше доставена оставката на Ѕанерикос, според законот има рок од еден месец да ја чува оставката, доколку врховниот судија посака да ја повлече оставката.

Дополнително, потсетува дека на крајот на јуни, потпретседателот на Врховниот суд требало да замине во пензија.

Врховен суд Грција оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.