НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додик: Го почитуваме интегритетот на БиХ, но сериозно размислуваме за отцепување ако не се почитуваат нашите права

0
By Ана Василевска on April 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Милорад Додик
Милорад Додик
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој денес во Белград имаше средба со претседателот Александар Вучиќ, на која се разговараше за сите важни прашања на односите меѓу Србија и РС, изјави дека го почитува интегритетот на БиХ, но сериозно размислува за отцепување, ако не се почитуваат нивните права, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што рече на прес конференцијата со Вучиќ, Додик го запознал со неговиот поглед на ситуацијата и односите како во Босна и Херцеговина, така и во однос на Република Српска и борбата и обидите на Република Српска да ги зачува своите права и обврски од Дејтонскиот договор и да тој ентитет „сериозно“ размислува за отцепување доколку не се почитуваат неговите уставни права.

„Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот“, изјави Додик.

Тој посочи дека „ангажманот што го прави дел од западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон уште поголемо „деградирање на позицијата на РС“.

„Дојдовме до точка кога не можеме да го одложиме тоа прашање и наша одбрана е дека сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност и отцепување на Република Српска“, рече тој.

„Ситуацијата е оптоварена со постојани барања за демонтирање на уставната позиција на Република Српска. Тоа кулминираше со игнорантско, цинично и грубо барање да се постави имотот како проблем на ниво на БиХ за да тие го решават“, посочи Додик и додаде дека поради блокадата на имотот, РС не е во можност да разговара со инвеститорите, а доведени во прашање се и концесиите што досега ги дале.

Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Додик, изјави дека Србија „секогаш ќе го поддржува“ она што е договорено од трите конститутивни народи во БиХ.

„Претседателот Додик ме запозна со својот став за ситуацијата и односите во БиХ, со обидите на РС да ги зачува своите права и обврски од Дејтон. Во име на Србија, реков дека сметаме дека Дејтонскиот договор е суштина на функционирањето на БиХ и, се разбира, на РС, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Додик.

БиХ Милорад Додик Република Српска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.