Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април – никогаш да не се заборави

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 27, 2023 09:56

Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот. Апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период, наведува  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објавата на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на шестгодишнината од нападот врз македонското Собрание на 27 април 2017 година.

„Точно шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април 2017 – кулминација на двегодишната политичка криза, луѓе маскирани, со качулки на глава извршуваат напад на институциите и напад на пратеници, поттикнати од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. Целта беше со напад на демократското и уставното уредување да се земе власта и по цена на живот. Затоа, апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период. Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот!“, се наведува во фејсбук статусот на министерот Спасовски.

Денес, додава тој, зборуваме за МВР за граѓаните, за реформирана и европска полиција, за полициски службеници кои пожртвувано се вложуваат за безбедноста на сите граѓани, наспроти тоа време одбележано со, како што посочува, невидена полициска бруталност и организирано полициско делување и агресија против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

„Заврши времето кога граѓанинот се плаши од полицијата, денес полицијата е партнер на граѓаните!
Денес Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според Глобалниот индекс на мир, во друштво на 36 најбезбедни земји во светот. Јасна е разликата! Горд сум што како застапници на идеите за слобода и демократија, и по цена на сопствениот живот, успеавме да ја одробиме државата, да ја вратиме на прав пат, во евроатлантските структури таму каде што припаѓаме, како држава на сите граѓани! Никогаш да не се заборави!“, стои во објавата на фејсбук на министерот Сапсовски.

27 април ВМРО-ДПМНЕ Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.