НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР на Србија и официјално: Девет убиени во пукање во училиште во Врачар, седуммина ранети

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осум ученици и еден обезбедувач загинаа во престрелката што утринава во училиштето во Врачар, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според соопштението на МВР, ранети се уште шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во ургентниот центар и Тиршова.

Ученик од ова училиште К. К. (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, потврдија од МУП.

Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија, се додава во соопштението.

Момчето било мирно и одличен ученик, еден од најталентираните ученици во основното училиште, а прво пукало во наставничката по историја, па во соучениците.

Откако го направил масакрот, избегал, но полицијата успеа да го приведе. Според српските медиуми, кога бил приведуван рекол дека е психопат.

Тој е син на познат српски радиолог

„Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица“, се дел од изјавите на соучениците.

Како што дознава informer.rs, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добивал бројни награди и пофалби. Важи за еден од најталентираните ученици од основното училиште каде го изврши масакрот.

Мајката на еден од учениците за Телевизија Прва изјави дека од нејзиниот брат дознала дека имало страшно пукање, по што веднаш се упатила кон училиштето во Врачар.

Слушнавме дека една учителка е застрелана и дека се борат за живот, а дека биле застрелани неколку деца, немам повеќе информации“, вели вознемирената мајка.

Како што рече, веста утрово и ја соопштил нејзиниот брат, велејќи дека во училиштето имало некакво пукање.

„Потоа веднаш дојдов, полицијата беше таму, се тресев. Не не пуштија да поминеме, туку само ги замолив да ми кажат во кое дете е пукано, а подоцна се дозна дека има повеќе повредени“, вознемирено рече таа.мајка.

Како што додаде таа, подоцна дознале дека чуварот починал.

„Ќерка ми после ми се јави, рече дека е безбедно и ми кажа што се случило, биле на физичко, потоа дошло до пукање, а кога се качила горе на следниот час, човекот од обезбедувањето паднал пред неа. Се исплашила и побегнала“, раскажува мајката на ученичката.

Белград МВР Србија пукање училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.