НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за Гласот на Америка: САД се еден од најзначајните партнери во унапредувањето на правосудниот систем во државата

0
By Соња Крамарска on May 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка, зборуваше на повеќе теми, меѓу кои даде оценка за реализираните средби за време на неговата работна посета на САД, како и за забелешките од Вашингтон во врска со судството, како и состојбите со корупцијата и владеењето на правото.
Ковачевски во интервјуто се осврна на фактот дека „Северна Македонија постигна значаен напредок во последните 6 години во слобода на медиумите и се издигна за 19 места повисоко на скалата за слобода на говорот на светски ранг“.

„Тоа е навистина едно исклучително големо достигнување, заради демократскиот капацитет кој што го има оваа влада предводена од СДСМ и коалициските партнери. За време на посетата на САД исто така, стана збор за владеењето на правото и борбата против корупцијата. САД се еден од најзначајните партнери во унапредувањето на правосудниот систем во државата“, вели Ковачевски во интервјуто.

„Ги презентиравме сите закони кои што се изготвени, во делот на унапредување на борбата против корупцијата, владеењето на правото, инвестициите кои што се прават во правосудството, обезбедена е независност на судството“, оцени Ковачевски во интервјуто.

Според него, следи период на унапредување на состојбите.

„Она што е пред нас е унапредување на сите овие процеси, пред се тука мислам на зголемување на транспарентноста на целокупниот правосуден систем, кој што е независен“, вели шефот на македонската Влада.

Тој посочи дека е изгласан нов Кривичен законик, но и дека има голем број на закони кои што се во собраниска процедура.

„Најголемиот дел од нив блокирани од страна на опозицијата. Јас се надевам дека ќе изнајдат начин опозициските пратеници ако имаат забелешки да дадат на тие закони, доколку немаат забелешки тогаш едноставно да се дозволи да тече понатамошната процедура бидејќи сето тоа влијае на унапредување на системот“, вели Ковачевски.

Тој во интервјуто додава и оти е „многу значајно и што скрининг процесот на крајот ќе резултира со извештаи коишто се однесуваат на сите поглавја, вклучително и на поглавјето на владеењето на демократијата, владеењето на правото и тука ќе можеме да ги видиме точно сите терени кои што ќе треба да бидат исполнети во континуитет пред нас“.
Глас на Америка Димитар Ковачевски интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.