НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефот на германското разузнавање предупреди на пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави

0
By Gabi Tocko on May 22, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Германија, Зграда на Рајхштагот (Foto: Wikimedia Commons)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на германската разузнавачка агенција BfV, Томас Халденванг, денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада.

Во последниве години, германските безбедносни агенции ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за планирање напади врз клучната инфраструктура, владини претставници и Бундестагот, пишува Асошиејтед прес.

Иако не е јасно колку биле далекусежни тие планови, властите изразија загриженост дека наводните заговорници успеале да дојдат до оружје и да регрутираат личности кои обично не се на радарот на безбедносните агенции, како што се судиите и полицајците.

Халденванг, кој го предводи Федералниот институт за заштита на Уставот (BfV), истакна дека е особено загрижен за поврзаноста на некогаш одвоените групи, од екстремната десница до теоретичарите на заговор и нивната подготвеност да употребат оружје.

Она што ги поврзува овие групи е тоа што тие ја презираат нашата земја и демократскиот систем, го отфрлаат и сакаат да го укинат, изјави Халденванг за АП во Берлин.

Тој додаде дека екстремистите свесно ги користат контроверзните политички или општествени прашања за да шират страв и да добијат нови следбеници.

Сите овие прашања може да се искористат за ширење одреден наратив и создавање впечаток дека државата нема контрола врз одредени ситуации и затоа треба да се собори, додаде разузнавачот.

Халденванг изјави дека таквите трендови активно поттикнуваат земји како што е Русија, која има интерес да ја дестабилизира демократијата во Германија, најголемата европска економија.

Г. Т.

авторитарни држави Германија екстремизам Пораст разузнавач Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.