НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади музичари од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

0
By Соња Крамарска on May 23, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државно-црковна делегација од Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.  Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ државно-црковната делегација ќе присуствува на концертот на младите и талентирани уметници – Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело – ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. На програмата се Соната за пијано бр. 2 оп. 5  од Фредерик Шопен и Соната за виолончело и пијано бр. 1 оп. 38 од Јоханес Брамс.

Талентираните ученици се добитници на повеќе престижни награди на меѓународни музички натпревари. Веќе членуваат во ансамбли, а бележат и завидна солистичка концертна дејност.

Пред концертот, за мисијата и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј, ќе говори директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, д-р Елена Јованова-Грујовска.

Делегацијата ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Свети Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во македонската амбасада во Светата Столица.

Според агендата, државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, а ќе положи и цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација

македонска делегација Млади уметници Рим Свети Кирил и Методиј Талат Џафери чествување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.