Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајрами од ДКСК: Употребата на европско знаменце е политичка корупција

0
By Соња Крамарска on June 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 1, 2023 11:56

„Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема никаква алатка в раце со која може да ги натера институциите и службените лица да ги почитуваат иницијативите и мерките. Употребата на европско знаме, носење закони по скратена постапка, носење специјални закони што ги негираат сите други закони е политичката корупција што ни се случува. Во овој случај Комисијата само ќе укаже дека има некоја слабост и на крајот пак тоа продолжува. Појдовна точка е дека ваквиот закон со злоупотреба на политичка волја е спротивно на европските стандарди“, рече членот на Државната комисија за спречување  на корупцијата (ДКСК), Нури Бајрами во одговор на прашање до каде е работата со предметот за договорот со „Бехтел и Енка“.

Според него, вакви закони можат да продуцираат „се и сешто“.

Членот на ДКСК, Катица Николовска на денешната седница се надоврза дека се работи на предметот, кој е комплексен и бара многу време и ресурси, но оти имаат проблем со обезбедување на целокупниот договор, бидејќи е доставен само делумно. Таа смета дека најголемиот проблем е што се озаконува корупцијата.

„Кога ќе го обезбедиме, тој што има сертификат ќе го гледа и верувам ќе излеземе со став. Штом завршиме со некој предмет особено ваков значаен, ние секогаш излегуваме во реално време, се надевам ќе известиме наскоро“, рече Николовска.

Според Горан Трпеновски, член на ДКСК, политичката корупција прераснала во законска корупција, па во системска корупција, но за жал, како што рече, освен да укажува, Комисијата не може ништо друго.

Членот Шемси Салаи, пак, ја нагласи потребата од вклучување и на други органи кога е во прашање борбата против корупцијата.

„Иако сите закони донесени во врска со овој коридор се со голем ризик на корупција, иако имаме констатирано и доста други закони кои веќе се пред тоа со голем ризик на корупција, треба нешто да сфатиме со нашите префрлања од една на друга институција. Поминаа 30 години од осамостојување на државата ние уште немаме патишта, што е доста лоша ситуација за развојот. Со вакви патишта и низок развој на инфраструктурата воопшто, економијата не може да оди напред. Треба да се остават да се работат до крај овие проекти и да ги следиме со 100 очи отворени, до каде се постапките и ако има корупција да се постапи. Имаме органи кои треба да ги следат сите овие зделки и ако се констатира корупција да се постапува и за еден денар, а не па за милиони“, заклучи Салаи.

С.К.

Бехтел и Енка ДКСК европско знаменце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.