Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија по одржаниот втор самит на Европската политичка заедница во Молдавија, кажа дека се зборувало и за политичката определеност на ЕУ за проширување.
-Беше поздравен скрининг процесот кој ние го водиме и напредокот кој го имаме во скрининг процесот и беше исто така уште еднаш истакнато, особено на францускиот претседател, германскиот канцелар, на претседателот на ЕС потребата да ги донесеме одлуките што побрзо во делот на продолжување на евроинтеграцијата на Северна Македонија, бидејќи сега постои отворен прозорец за прием во ЕУ и сега е шансата да се искористи, рече Ковачевски.
Тој повтори дека ќе повика на лидерска средба со тимот на опозицијата, односно со тимот на ВМРО – ДПМНЕ.
-Темите ќе бидат одлуките кои треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и тема во однос на односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните односи кои се значајни за европските интеграции. Повеќе не би можел да ви кажам, средбата треба да се одржи во текот на наредните денови, за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници од средбата, откако таа ќе се случи, вели премиерот.