НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ал Џезира: Северна Македонија понуди предлог за деескалација на кризата меѓу Косово и Србија

0
By Соња Крамарска on June 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, изјави дека неговиот предлог за деескалација и нормализација на ситуацијата на Косово е доставен до мисиите во Белград и Приштина, јави Ал Џезира.

Тој како што посочи телевизијата рекол дека планот од девет точки не е план на ОБСЕ, бидејќи таа меѓународна организација ги носи одлуките со консензус, туку на Северна Македонија и тој како претседавач со ОБСЕ.

НАТО почна да ги зајакнува мировните сили на Косово по минатонеделните немири на северот на земјата, објави Алијансата.

Насилството избувна откако косовските власти назначија градоначалници етнички Албанци на раководни позиции во северните општини, кои беа избрани со излезност од 3,5 отсто, бидејќи мнозинството Срби во регионот ги бојкотираа локалните избори.

Во судирите беа повредени 30 припадници на мировните сили (КФОР) и околу 50 српски демонстранти.

„Мојата улога како претседавач со ОБСЕ е да понудам решение за деескалација. ОБСЕ во суштина е платформа за дијалог, комуникација. Имаме две големи операции, едната во Приштина, а другата во Белград“, го цитира Ал Џезира македонскиот шеф на дипломатијата Османи кој синоќа зборуваше за тоа во интервју за Телма.

Османи додаде дека неговиот предлог е еден од комплементарните обиди со другите меѓународни организации и тела за деескалација и нормализирање на ситуацијата и страните „да се вратат на дијалогот што беше постигнат во Охрид“.

„Значи, ние имаме дополнителна обврска, не само како претседавач со ОБСЕ, туку и како земја каде што е постигнат договорот. Можете да видите дека предложените мерки се слични на мерките што ги нудат другите меѓународни организации. Тоа значи дека меѓународната заедница е едногласна во барањето за враќање на страните во дијалогот и спроведување на обврските од основниот договор и анексот, односно Охридскиот договор“.

Османи на 3 јуни објави предлог за план од девет точки за деескалација и нормализација на ситуацијата на северот на Косово, во кој, меѓу другото, се бара градоначалниците на северот на Косово да поднесат оставки во следните месеци, да се распишат вонредните локални избори годинава, но и да се повлече  косовската специјална полиција а истовремено да се намали борбената готовност на српските вооружени сили.

Извор: Ал Џезира

АЛ ЏЕЗИРА Бујар Османи план за деескалација Косово-Србија Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.