НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забележан драстичен пад на светските берзи, се очекува дополнителен раст на каматните стапки

0
By Gabi Tocko on July 9, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инфлацијата во западните земји се уште е на високо ниво, па централните банки најверојатно ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела имаше пад за 2 отсто, на 33.734 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,2 отсто, на 4.398 поени, а индексот Nasdaq за 0,9 отсто, на 13.660 поени.

Најголемата светска берза се најде под притисок откако извештаите покажаа дека американскиот пазар на труд и понатаму е силен. Расте бројот на вработени, како и платите.

Тоа значи дека трошењето и инфлацијата ќе останат на високо ниво, што би можело да ја натера американската централна банка да ги зголеми каматните стапки поагресивно од очекуваното.

На состанокот минатиот месец, лидерите на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети додека не се види како сегашното заострување на монетарната политика ќе влијае на економијата и на инфлацијата.

Аналитичарите сметаат дека е речиси сигурно дека ФЕД на состанокот овој месец дополнително ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Досега се веруваше дека ова ќе биде последното зголемување на каматите во овој циклус кој трае повеќе од една година. Сепак, со оглед на новите податоци од пазарот на трудот, можно е ФЕД да продолжи да ги зголемува каматните стапки и наесен.

Извештаите покажуваат дека ФЕД не треба да биде загрижен за можното слабеење на пазарот на трудот. Напротив, новите податоци му даваат причина дополнително да ги зголеми каматните стапки, истакна Бред Мекмилан, директор на Комонвелт финансиска мрежа.

И на европските берзи цените на акциите се намалија минатата недела. Лондонски FTSE забележа пад за 3,7 отсто, на 7.256 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,4 отсто, на 15.603 поени, а париски CAC за 3,9 отсто, на 7.111 поени.

Г. Т.

инфлација каматни стапки Пад раст светски берзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.