НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Том Гофус: Стабилна БиХ и мирен Западен Балкан се стратешки интерес на НАТО

0
By Ана Василевска on August 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стабилна и безбедна Босна и Херцеговина и мирен Западен Балкан се стратешки интерес на Алијансата и затоа долги години НАТО ја поддржува БиХ во развојот на нејзините одбранбени и безбедносни капацитети, пред се на Вооружените сили, кои претставуваат успешен пример за мултиетничка институција во земјата, изјави помошникот генерален секретар на НАТО за операции, Том Гофус на крајот на дводневната посета на Сараево.

– НАТО силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, во согласност со Општиот рамковен договор за мир и е целосно посветен на продолжување на партнерството со БиХ, истакна Гофис.

Тој најави дека Алијансата ќе покрене Иницијатива за одбрана и градење капацитети, со цел да и помогне на БиХ „да ги унапреди своите реформски напори и да ја зајакне нејзината отпорност против малигните мешања, за доброто на сите нејзини граѓани“.

– Ги охрабруваме властите на Босна и Херцеговина целосно да ја искористат поддршката на НАТО за нејзините реформски напори и да ја достават својата програма за реформи за 2023 година, без со тоа да се прејудицира конечниот став околу членството во НАТО. Ова е клучно за стабилноста на Босна и Херцеговина и Западниот Балкан, додаде Гофус.

Помошникот генерален секретар на НАТО нагласи и дека Алијансата ја поддржува операцијата на Европската Унија во БиХ – Алтеа и е посветена да продолжување на таа поддршка преку договорот Берлин плус, склучен меѓу Северноатлантскиот пакт и ЕУ во 2022 година. Договорот Берлин плус и овозможува на ЕУ да користи дел од воените капацитети на НАТО во сопствените мировни операции.

За време на посетата на Сараево, Гофус се сретна со министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, со командантот на Штабот на НАТО во Сараево, бригадниот генерал Роберт Хјустон, со командантот на Алтеа, генерал мајорот Хелмут Хабермајер, со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмид, со специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер и со амбасадори на земји членки на Алијансата.

БиХ Западен Балкан НАТО Том Гофус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.