НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар

0
By Ана Василевска on October 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар.

– Денеска разговаравме за Берлинскиот процес, кој е добра и комплементарна платформа за агендата за проширување, како и дел од нашиот ангажман со Западен Балкан. Берлинскиот процес е најсигурната платформа преку која ја покажуваме нашата посветеност и ангажираност за регионот. За нас проширувањето на Западен Балкан е клучен приоритет, затоа го донесовме планот за економски инвестиции, мобилизиравме една третина од БДП во целиот регион. Тоа покажува дека ЕУ има резултати за својата работа. Инвестиравме една милијарда евра за да им помогнеме на ранливата категорија граѓани за да се справиме со екстремните поскапувања, изјави тој.

Посочи дека јасно ставиле до знаење дека поддршката ќе продолжи и за енергијата.

– Ние поддржуваме проекти на обновлив начин. Подготвени сме да финансираме нов терминал за гас во Црна Гора. Регионот што ќе има корист од овие инвестиции мора да биде економски интегриран. Целосно сме убедени дека имаме уште поголем потенцијал. Регионот ќе може да додаде една третина од својот БДП. Зборувавме за претходните експанзиони бранови за тоа како најдобро да се подготвиме за интегрираното проширување на регионот. Овој план исто така ќе има за цел да ја забрза економската интеграција и ќе има можности Западен Балкан да се интегрира на пазарот на ЕУ без да стане членка, рече Вархеји.

Тој порача дека „Европа е тука да придонесе, но и регионот мора да ги покаже своите резултати“. „Да му помогнеме на регионот да се трансформира“, додаде еврокомесарот.

Домаќиот, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани оцени дека „актуелната геополитичка ситуација произведе многу предизвици кои бараат внимание и решавање, а исто така бараат силна посветеност, не само на регионот, туку и на ЕУ“, нагласувајќи дека „ситуацијата, покрај предизвиците, произведе нова политичка волја“.

– Берлинскиот процес се заснова на три столба: европска перспектива, решавање спорови, подобрување на економските перформанси на регионот. Овогодинешниот самит ќе се фокусира главно на третиот столб. На маса се неколку предлози кои значително ќе го подобрат економскиот развој на регионот“, рече Хасани.

Европска комисија ЕУ Интерграција на Балкан Оливер Вархеји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.