Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје отворена најголемата и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот (ДПЛ)

0
By Ана Василевска on October 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 25, 2023 13:28

Во просториите на Министерството за внатрешни работи, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, капитален проект финансиран преку ИПА пристапната помош на Европската Унија. Преку овој проект, обезбедена специјализирана форензичка опрема, како и изградбата на зградата во кој сместен овој Оддел, во вредност од од 3,6 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на свеченоста рече дека првпат во историјата на службата за форензички испитувања во земјава на вакво високо ниво се унапредуваат условите за работа на припадниците на МВР.

-Од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат корисна алатка на полицијата и правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена откривачка дејност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европски практики и стандарди, рече Ковачевски.

Овој концепт на форензичка служба, како што кажа премиерот Ковачевски, ги отвора вратите на професионалните форензичари непречено да учествуваат и во регионални и меѓународни проекти, но, додаде дека ова е и можност за продлабочување на соработката со форензичките служби од државите од регионот и Европската Унија.

-Инвестицијата на овој современ објект кој е во рамки на ИПА програмата изнесува над 3,5 милиони евра. Ова е уште еден показател дека ЕУ ја поддржува нашата бескомпромисна, континуирана и постојана борба со криминалот и корупцијата. Нашите политики за реформа на истражните институции, правосудството, обвинителството, создавање слободни и независни институции, вклученост на граѓанските здруженија и медиумите во тие процеси, не се само декларативна промоција на политичка волја за битка со криминалот, туку се реалност, рече тој.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето рече дека ова е најсовремената форензичка лабораторија на Балканот и дека ова е директна потврда за поддршката во пристапните преговори со Европската Унија.

-Во тек на долгогодишниот развоен процес, македонските форензички лаборатории постојано се модернизираат, а се имплементираат и меѓународни стандарди од областа на форензичкото работење. Во тој контекст, вреди да се напомене дека Одделот за форензички испитувања е акредитиран согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 17025 за компетентно, непристрасно и доследно работење на лабораториите. Паралелно со опремувањето на форензичките лаборатории со современа опрема, зголеменото потпирање на научни докази бараше и соодветни просторни капацитети за целосно практично ефектуирање на надлежностите на лабораториите. Тоа е диктирано и од зголемување на обемот на работа во лабораториите, а во исто време и од воведувањето лабораториски операции кои се со зголемена сензитивност и прецизност, рече министерот Спасовски.

Информираше дека целта на овој проект беше изградба на нова зграда за потребите на Одделот за форензички испитувања, со потребните лаборатории, опремени со електронска контрола на пристап, специјални огноотпорни врати, аларми и апарати за гаснење пожар, видео надзор, заштитени прозорци, соодветен систем за вентилација, како и соодветни простории за складирање.

-Со новите простории се обезбедува доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што се утврдуваат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ, истакна Спасовски.

Европскиот амбасадор во нашата држава, Дејвид Гир, рече дека ЕУ обезбеди специјализирана форензичка опрема и ја финансираше изградбата на зградата во која е сместен овој Оддел, во вредност од 3,6 милиони евра.

-Овој проект е само дел од големата помош на ЕУ за полициските реформи. Што е една од најпредизвикувачките задачи што една влада може да ги преземе на патот кон интеграцијата во ЕУ. И тоа е дел од реформата на владеењето на правото – напредокот на кој ќе го одреди темпото на пристапување, истакна Гир.

МВР Оливер Спасовски форензичка лабораторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.