НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Напредок во однос на трансплантациите, заостанување во финансирањето за ретки болести и скрининг за рак

0
By Marta Pesevska on November 12, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Министерство за здравство
Министерство за здравство
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Северна Македонија недостига сеопфатен и проактивен пристап за скрининг за рак и тука финансирањето е недоволно. Со притисок од јавноста, се зголеми финансирањето за ретки болести, но, не доволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти. Нема напредок кога станува збор за контролата на тутунот. Пушењето на јавни места би требало да биде казнето според законите на ЕУ, но, во оваа држава, не е целосно спроведено.

Ова се истакнува во најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија во Поглавјето 28 Заштита на потрошувачите и здравјето.

-Во сила остануваат останатите препораки. Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравство, особено може да се подобрат контролата на тутунот и достапноста, опсегот на услугите, географската дистрибуција и финансирањето на примарната здравствена заштита и на скринингот за рак. Усогласувањето со здравственото законодавство на ЕУ останува нецелосно, се наведува во извештајот.

ЕК препорачува следната година да се усвои и имплементира следната тригодишна стратегија за заштита на потрошувачите и зајакнување на капацитетот за надзор на пазарот, да се интензивираат напорите за контрола на тутунот преку ефективно спроведување на релевантното законодавство на ЕУ и и ратификување на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи, како и да се обезбеди соодветно финансирање и капацитет за да се обезбеди рано откривање на рак и ретки болести врз основа на податоци од регистрите.

Комисијата нотира дека продолжува да расте бројот на трансплантации, вклучувајќи ја и првата трансплантација на црн дроб во државата и забележува напредок и во областите крв, ткива, клетки и органи.

Кога станува збор за јавното здравство, се спомнува оти обновена беше платформата „е-здравство“, а излезе и нова мобилна апликација „Мое здравје“.

Се нагласува дека соодносот на доктори и медицински сестри на 100.000 жители продолжува да биде под просекот на ЕУ. Медицински персонал, сестри и специјалисти продолжуваат да го напуштаат јавното здравство за да работат или во приватниот сектор или во странство.

Трошоците за здравствена заштита од сопствениот џеб остануваат високи, 38 проценти, што претставува бариера за еднаков пристап до здравството.

Кога станува збор за Ковид-19, неколку превентивни мерки сѐ уште се на сила.

ЕК нотира дека имало обиди да се зголеми свеста во училиштата за штетата од злоупотребата на дроги и алкохол, но нема напредок.

Имало обиди за борба против здравствени нееднаквости, особено за луѓето кои живеат во сиромаштија и оние кои живеат во подалечни места, но, тие биле предводени од меѓународни организации и невладиниот сектор, наместо од здравствените власти, нагласува ЕУ.

Националната стратегија за превенција на корупција ги идентификувала здравствениот сектор и инспекторатите како ранливи на корупција, особено бидејќи нема ефективни критериуми за утврдување на цените на здравствените услуги или за лековите. Процедурите за третман во странство, како што се наведува, се нетранспарентни и необјективни. Најголем дел од антикорупциските стратегиски активности во областа на здравството, не биле спроведени.

Извор: МИА

ЕК здравство напредок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.