Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровски: ВМРО во време на Ванчо Михајлов било подемократско од денешното ДПМНЕ

0
By Ана Василевска on November 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2023 10:29

„Нивниот ментален склоп е ист како тој на Ердоган, како Путин – тие размислуваат
империјалистички, дека тоа еднаш што им припаѓало засекогаш останува нивно“ рече Петровски.

Со жестока критика кон унгарскиот лидер Виктор Орбан, демократијата во ВМРО-ДПМНЕ, како и коментар кон Никола Груевски и неговата како што вели „најголема грешка“ Христијан Мицкоски, зборуваше Филип Петровски во емисијата „Во Центар“.

„Луѓето на Орбан се однесуваат како монарси. Тие кон териториите кои некогаш биле под Австро-
Унгарија, односно под унгарскиот дел, се однесуваат како и денес да се под нивна надлежност“
изјави Филип Петровски во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека за Орбан и неговите поддржувачи Босна, Србија, Бугарија, Романија, па дури и
Македонија влегуваат во нивната сфера на интерес.

„Нивниот ментален склоп е ист како тој на Ердоган, како Путин – тие размислуваат
империјалистички, дека тоа еднаш што им припаѓало засекогаш останува нивно“ рече Петровски.

Критикувајќи го апсолутизмот во партијата, Петровски рече дека ВМРО во време на Ванчо Михајлов било подемократско од денешното ДПМНЕ

„ВМРО во времето на Ванчо Михајлов било подемократска организација од денешното ДПМНЕ“
изјави Филип Петровски во емисијата „Во центар“ и додаде дека сепак Михајлов цело време бил
под контрола на бугарската држава.

Тој додаде дека имало тројца во ЦК со врзани потписи, за да се спречи правење султанат од
организацијата.

Според него Мицкоски е најголемата фрешка на Груевски.

„Мицкоски е најголемата грешка на Груевски. Тој не е способен да биде лидер, избран е на фалц
конгрес. Тој беше кариката која беше неопходна за да се смени името на државата“ рече Филип
Петровски во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека Мицкоски не бил пред ДИК, да се бори заедно со останатите сопартијци по
изборите во 2016 година.

„Јас бев таму, но не и Мицкоски. Него го немаше да се бори за подобар резултат на тие избори.
Тој тогаш беше ‘голем’ директор на ЕСМ и изгледа не му се качуваше по огради“ рече Петровски.

Тој во емисијата додаде дека Мицкоски и неговата фамилија во време на студентските протести
во 1997 година биле левичари и не биле склони кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушнав дека тогаш во 1997 година Мицкоски за мене зборувал дека ме мрази бидејќи сум
вмровец. Подоцна се активираше и политички, како кандидат за претседател на Сојуз на студенти
и тоа против ВМРО-ДПМНЕ“ рече Петровски

ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски Филип Петровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.