НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Почитувањето на јазикот на сите етнички заедници е наша европска вредност

0
By Ана Василевска on December 21, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почитувањето на јазикот на сите етнички заедници е наша европска вредност. Со развивање на пријателско, мултикултурно општество ние ги воспитуваме младите да бидат одраз на современата држава која ги негува европските вредности, порача денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Општина Конче.

Министерката, која присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на турската заедница – Денот на настава на турски јазик, го честита празникот, посочувајќи дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на турската култура.

-Една од заложбите на Владата и на Министерството за култура е негување и унапредување на традицијата и културата на сите народи што живеат во нашата држава, вклучително и на турската заедница, градејќи демократско општество еднакво за сите. Како политичари, како институции, како систем, како граѓани на оваа држава, се грижиме за јазикот и обезбедуваме услови за зачувување на националниот и културниот идентитет на сите заедници, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека нашата држава отсекогаш била простор на кој се развивале различни јазици и култури во духот на разбирањето и толеранцијата. Додаде дека турскиот јазик е дел од нашето богато мултиетничко и демократско општество.

-Нашите повозрасни со својата мудрост знаеле дека почитувањето и учењето на јазикот на другиот е богатство, а не непремостлива бариера. Тоа се давало и се примало како знак на пријателство и почит што нашиот народ ја има кон долгата традиција на турскиот јазик, кој има извршено големо влијание во говорот на целиот Балкан, рече Костадиновска-Стојчевска.

На настанот кој се одржуваше во Домот на култура, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Конче, присуствуваа голем број на гости и од земјава и Република Турција, како и поранешниот претседател на Големото национално Собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Мултикултурализам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.