НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урбанович од „Лесја Украинка“: Руските злосторства мора да бидат осудени

0
By Marija Todorovska on December 29, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Олександар Урбанович, претседател на Здружението на Украинците ,,Лесја Украинка”, денеска се обрати по повод „масовните ракетни и беспилотни напади врз Украина“.

„Повеќе од 100 луѓе, цивили  станаа жртви на овие напади. Луѓе коишто се спремале или оделе на работа, носеле деца во градинки и на училиште, луѓе кои оделе на лекар или да пазарат во трговски центар. Невини животи, уништени судбини, украдена иднина, човечки страдања“, рече Урбанович, меѓу другото, во своето обраќање за јавноста.

Тој кажа дека, при немилосрдниот руски напад, еден од најголемите од почетокот на инвазијата врз Украина, уништени се училишта, породилишта, трговски центри, домови и деловни простории. Понатаму, првиот човек на здружението на Украинците, посочи дека веќе целиот свет гледа дека, како што ги нарече, „руските терористи нема да запрат пред ништо и дека нивната цел е да ја уништат украинската нација.“

„Руските злосторства мора да бидат осудени, руските терористи мора да одговараат за бројни убиства, киднапирања на деца, терор“, рече Урбанович и повика на зголемување на воена и техничка поддршка, животот на цивилите зависи од навремената помош!

„Мора да станете свесни дека, при најлошото сценарио, Русија нема да се задоволи со Украина. Доколку не ја спречиме, на ред ќе дојдат и други европски земји. Московскиот монструм никогаш нема да се насити!“ – посочи Урбанович на крајот од своето обраќање, а потоа, заедно со присутните, во еден глас извикаа:

„Украина ќе победи! Слава на Украина! Слава на хероите!“

Марија Тодоровска

Инвазија Лесја Украинка руски терористи Убранович Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.