НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силата ЕУ младите!

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа креирана од дискографската куќа ПМГ Рекордингс од Скопје, со мисија да регистрира, ангажира и промовира квалитетни, автохтони младински движења, сцени и поединци од Македонија. Замислена како квалитетен пресек на најубавата и најпаметна македонска младина на почетокот на 21-виот век, оваа платформа цели да биде генератор и иницијатор на дружење и (интер)генарациска, креативна и конструктивна соработка, во правец на подигање на квалитетот на животот на младите, преку нивно динамично ангажирање во областа на културата и уметноста.

Во овој контекст, платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ ги препознава прогресивните и креативни млади луѓе, кои со своето творештво и делување во јавната сфера ги носат и промовираат напредните вредности. Младите се денес граѓани на светот, кои својот профил го градат преку образование, комуникација и соработка во локален, европски, но и глобален контекст. Соочени со предизвикот на непостоење соодветна средина за развој, подобар квалитет на живот и актуализација на вредностите кои тие ги застапуваат, СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ делува во насока на создавање на услови во кои младите се вреднуваат, напредуваат и се мотивирани да останат да живеат во земјата.

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ најавува серија од различни културно-уметнички настани во рамки на кои ќе се документираат, поддржат и презентираат современите урбани движења и културната-уметничка продукција на младите денес.

Најголемиот дел од програмата ќе опфати различни формати на целовечерни и дневни музички настани во чии рамки преку серија на концерти, клупски вечери и специјализирани диџеј сесии ќе се направи пресек на младинската музичка сцена и нејзините придвижувачи во полето на современата рок, поп и електронска музика. Во контекст на домашната музичка сцена програмата ќе има и меѓународни гостувања од Србија и Англија.

Во насока на документирање и издавање на македонска музика, платформата ќе понуди две нови музички изданија за ПМГ Рекордингс. „Поп Култура“ е албум-компилација која ќе излезе на винил и која преставува пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува мошне значаен историски документ како запис за времето и квалитетот на оваа сцена, а ќе биде издадена на винил – докажано најквалитетниот аналоген носач на звук и сеуште најценетиот во светот на музиката, што воедно е реткост и куриозитет на домашната сцена. Свој прв аудио запис ќе добие и средношколскиот музички состав „Црно Собрание“ како дигитално издание.

Во насока на креирање на простор за актуализација на теми кои се бават со интересите, потребите и предизвици на младите во контекстот во кој живеат и со вредностите кои ги застапуваат, платформата ќе понуди две дискусии/поткасти.

Платформата започнува со активности овој викенд со два музички настани во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје.

Преземено: Трн.мк

ЕУ култура млади уметност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.