НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подобра организација, слободно време и платен труд се дел од придобивките со Законот за недела неработен ден, велат работниците

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за недела неработен ден бележи две години од својата примена. Од Владата е оценет како норма која има позитивен ефект врз економијата и е во интерес како на работниците така и на компаниите. За нив тое е добра политика за работниците, кои со неделата добиваат време да се посветат на семејствата, пријателите и имаат повеќе време за одмор.

Од Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ како кои за себе велат дека се иницијатор на ова законско решение се среќни што трудот на работниците конечно соодветно се вреднува и почитува. Но сметаат дека под притисок на стопанствениците наведени се над 40 дејности кои можат да работат во недела а нема автентично толкување кои се тие.

-Всушност Гласен Текстилец е иницијатор на ова законско решение поради тоа што низ годините имаме воочено дека системот за евиденција на работно време е предмет на манипулација од страна на работодавачите и истата работа на ден на неделен одмор(недела), ден на државен или верски празник или прекувремена работа не се евидентираат (или се бришат од електронската евиденција) и истата работа не е платена. Баш поради тоа и беше инициран законот, бидејќи немаме реален систем за евиденција ни за плаќање на таквата работа. Среќни сме што ова решение придонесе забрана за работа во маркетите и конфекциите, но сепак под притисок на капиталот беа наведени над 40 дејности кои можат да работат во недела, дополнително има наведено и помошно- придружни дејности а нема автентично толкување кои се тие. Исто особено беше погубен моментот дека направија измени и во Законот за трговија каде додадоа дека и вработените во трговските центри и сите оние дејности, продавници, маркети кои се во склоп на трговските центри можат да работат во недела. Пробавме да направиме притисок но за жал не успеавме“, вели Кристина Ампева, претседател на Гласен Текстилец.

Ампева вели дека има дискриминација на исплатата за недла за оние кои работат во трговските центри со останатите дејности.

Она што постои и како проблем кој ниеден синдикат ниту организација на работодавачи го говори јавно, е дискриминацијата во исплаќањето на дневницата за вработените кои работат во трговските центри согласно измените во Законот за трговија каде е 100 % зголемена дневницата за работа во недела наспроти 50% зголемена дневница за сите останати дејности. Значи има очигледна дискриминација но еве нема никаков глас од ниедна страна освен од нас како здружение за оваа нееднаквост во плаќањето на работниците за работа во недела. Но сепак да речеме дека сум задоволна како иницијатор од тоа како се почитува законот, односно забраната за работа во недела во конкретните дејности за кои ние сме правеле истражувања, дека се злоупотребува работењето на празник и за кои го инициравме ова законско решение. Сега е лесно применливо, стриктна забрана има за работа во недела и казните се навистина строги. Очигледно нема друг начин да биде почитуван еден закон освен ако нема строги насоки и казни, за жал“, додава Ампева.

Што велат граѓаните?

Подобра организација, слободно време и платен труд се само дел од бенефитите со Законот за недела неработен дел, велат работниците. Треба да се работи уште на менталитот дека правата од работен однос секој работодавач треба да ги почитува, велат анкетираните.

-Во маркет работам скоро десет години. Претходно бев во производство. Секоја недела ни беше работна. Паметам децата сакаа да одиме на викенд а јас постојано бев зафатена. Ако имав слободна некоја недела ја користев за спиење, чистење, перење. Откако недела е неработен ден законски знам дека секоја недела можам да си ја планирам за себе, за семејството. Секоја втора сабота ја работиме па добиваме така и викенд кој ни е важен како работници“.

Јас сум дипломиран новинар и во оваа област работам скоро 20 години. Иско многумина велат дека е професија која ти отвора многу можности, комуникација, престиж има и своја друга одговорна но и тешка страна. Имено, паметам низ годините дека викендите ни беа работни, вклучувајќи ја и недела. Особено кога се летни одмори или изборен процес, дополнително некоја криза(политичка, корона, економска) тоа значи дополнителен ангажман. Откако се усвоија законските измени и недела е неработен ден, а секако и казнената политика почна да функционира бенефит почна да гледа работникот. Дополнително работодавачите мора даја плаќаат неделната дневница во законските рамки. Оттука секој работник не ја гледа неделата како товар туку како можност да има дополнителен приход. На смеа со колегите имавме интерна шега дека во недела работат само семафорите и ние новинарите, а сега правиме распоред кој кога ќе биде дежурен на овој ден“.

Што се случува во Регионот

Црна Гора

Во Црна Гора недела е неработен ден, но се бара да се укине за време на туристичката сезона

Мерката за недела неработен ден важи и во Црна Гора, и тоа уште од 2019 година. Работат само аптеки, продавници за леб и бели печива, цвеќарници, сувенирници, бензински станици и маркетите во нив. Може да се купува и на пазари или во киоск. Работат и штандови и киосци на јавни манифестации и фестивали, како и објекти за трговија на големо.

Босна и Херцеговина

Не се работи само во некои градови во БиХ. Во Босна и Херцеговина (БиХ) имало иницијатива недела да биде прифатен како неработен ден, но измените на законот не бил прифатени во Парламентот. Сепак, одредени градови и општини одлучија дека недела ќе биде неработен ден за вработените во трговијата, како Бијелина, Ливно, Сански мост, Зворник, Кисељак, Мостар, Нови Травник.

Србија

Во Србија и во Косово нема неработна недела. Причината поради која ваквите иницијативи не успеаја во Србија и Косово е тоа што нема договор меѓу власта, работодавачите и синдикатите.

Бугарија

Работната недела е од понеделник до петок, осум часа дневно, четириесет часа неделно. Повеќето аптеки, продавници, барови, кафулиња и ресторани работат во сабота и во недела.

Грција

Стандардна работна недела е од понеделник до петок. Продавниците обично се отворени од понеделник до петок од 09:00 до 21:00 часот, а во сабота обично од 09:00 до 20:00 часот. Многу ретко се случува продавница да се отвори во недела, но од мај до октомври продавниците во туристичките места можат да отворат од 11:00 до 20:00 часот.

Хрватска

Работната недела е од понеделник до петок. Повеќето аптеки, продавници, барови, кафулиња и ресторани се отворени во сабота и недела. Во Хрватска нема унифициран став меѓу трговците за регулирање на работата во продавниците во недела, дел од нив се за рестрикции додека други се против какви било ограничувања, но се согласуваат дека е потребна поголема грижа за работниците и дека работата во недела мора да биде соодветно платена.

Преземено: 24инфо.мк

Влада економија недела неработен ден работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.