НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија планира изградба на гасоводод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до 2027.

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска, при презентацијата на развојните проекти на Србија на Српско-грчкиот бизнис форум во Белград, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис меѓу останатото изјави дека Србија планира изградба на гасовод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до почетокот на специјализираната изложба ЕХПО 2027 година.

Ѓедовиќ Хандановиќ истакна дека во гасниот сектор, по завршувањето на интерконекцијата со Бугарија на крајот на минатата година, Србија беше физички поврзана со изворите на гас од Каспискиот регион и ЛНГ терминалот во грчкото пристаниште Александрополис, „што значи дека Грција станува важен партнер на Србија во снабдувањето со гас“.

Таа додаде дека се планира изградба на уште два нови гасоводи со Северна Македонија и Романија, кои ќе бидат завршени пред почетокот на специјализираната изложба ЕКСПО 2027.

-Сите овие нови правци, освен што ќе придонесат за диверзификација на снабдувањето, ќе ја зајакнат позицијата на Србија како транзитна земја. Со завршувањето на Балканскиот тек станавме важна земја во снабдувањето со гас на земјите од Централна и Источна Европа, што се потврдува и по изградбата на гасната интерконекција со Бугарија, како и со идните интерконекции. Се наоѓаме на крстосница на гасните коридори во овој дел од Европа и ќе се стремиме да останеме кредибилен и доверлив партнер кој придонесува за регионалната енергетска безбедност во иднина, рече министерката.

Таа додаде дека Србија работи и на диверзификација на снабдувањето во нафтениот сектор, имајќи предвид дека снабдувањето во моментов се врши само од една насока, преку Јадранскиот гасовод.

-До почетокот на специјализираната изложба EXPO 2027, ќе изградиме нафтовод долг 128 километри со Унгарија, што дополнително ќе ја зголеми сигурноста во снабдувањето на домашната рафинерија и пазар. Разгледуваме и за поврзување со извори на нафта во Грција, преку Северна Македонија, за што подетално разговаравме денеска со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Сакаме да соработуваме со Грција и во оваа област, што дополнително би го диверзифицирало снабдувањето и би ја подобрило енергетската безбедност“, рече министерката Ѓедовиќ.

Вучиќ пред одржување на српско-грчкиот бизнис форум на прес конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека разговарале за осовременување на линијата и за брза пруга Белград-Солун преку Северна Македонија и за коридорот Пиреј-Будимпешта.

-Србија под покровителство на ЕУ ја гради брзата пруга Белград-Ниш, реконструкцијата на делницата кон Брестовац штотуку се завршува и ќе завршуваме се до границата со Северна Македонија. Премеирот Мицотакис ме информираше дека Грција работи и ќе ја заврши брзата пруга до Игуменица и до границата со Северна Македонија и за овој проект нашите министри имаа добри разговори, изјави Вучиќ.

Мицотакис посочи дека со претседателот на Србија разговарал за модернизација на пругата што ги поврзува Солун и Белград, како и за довршување на коридорот што ќе почнува од Пиреј, а ќе завршува во Будимпешта.

– Тоа е од стратешко значење не само за нашата земја, туку и за цела Југоисточна Европа. Во оваа смисла мора да ги искористиме и европските фондови кои се наменети за Западен Балкан. Во таа смисла, Грција го поттикнува практичното учество на ЕУ во развојот на инфраструктурата на Србија и на сите други земји на полуостровот, нагласи Мицотакис.

гасовод Грција ЕУ Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.