Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Во мојот втор мандат како премиер 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра

0
By Marija Todorovska on February 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 29, 2024 11:43

Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.

-Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни.  Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат., рече Ковачевски.

Направивме долгорочна системска промена и за покачување на пензиите, просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока.  СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе, додаде Ковачевски.

СДСМ и понатаму ќе се бори за Северна Македонија да биде успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите. Тоа го нуди нашата нова програма со која ќе настапиме на овие избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип.

Ковачевски: Успешно се справивме со енергетската криза, 660 илјади граѓани имаат помали сметки за струја

Успешно се справивме со енергетската криза, го заштитивме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите со антикризните мерки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип при отворање промотивен штаб на партијата.

-Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии, многу поголеми држави се соочија со драстични проблеми. Деструктивната ДПМНЕ сееше страв и ги лажеше граѓаните дека ќе немало струја во зимскиот период, не само што имавме непречено струја, туку и ги субвенциониравме сметките за електрична енергија. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани. Во мојот мандат воедно почна и енергетската трансформација и денес за само две години имаме над 600 МW инсталиран капацитет енергија од обновливи извори. Наспроти цели 16 МW за цело владеење на ВМРО претходно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Коавчевски во обраќањето при отворање промотивен штаб на партијата во Штип.

Димитар Ковачевски минимална плата просечна плата СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.