Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коалицијата „Србија против насилството“ за фер избори бара преодна влада по пример на Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on March 11, 2024 ВЕСТИ
Фото: in4s.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2024 15:45

– Коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) подготви детален документ врз основа на предлозите на ПроГлас и граѓанскиот сектор во однос на изборните услови, кој вклучува формирање на независна комисија и како долгорочно решение, преодна влада по урнек на Северна Македонија, изјави денеска во име на оваа коалиција Радомир Лазовиќ на прес конференција во салата на Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој побара Собранието да формира посебна Комисија за организирање избори, во која ќе членуваат претставници на власта, опозицијата и граѓанскиот сектор, со надзорни и извршни овластувања.

Долгорочно, тие предлагаат промена на законот, по примерот на Северна Македонија, и формирање преодна влада во која опозицијата би имала најмалку двајца министри, за внатрешни работи и за локална самоуправа.

Тој истакна дека концептот на преодна влада во моментов е актуелен во Северна Македонија.

-Телото што го предложивме треба да биде во функција до следните избори бидејќи можеби нема да има време да се направат промени кои би доведеле до преодна влада. Во наредниот период како долгорочно решение ќе предложиме од денот на распишувањето до денот на изборите да се создаде преоден дел од владата со две министерства предводени од опозицијата, за да можеме да кажеме дека имаме фер избори, објасни тој.

– Избирачкиот список мора да се регулира, рече Лазовиќ и пред да се распишат следните избори ова прашање мора да се реши, односно да се овозможи тим од меѓународни и домашни претставници назначени од опозицијата да имаат увид избирачкиот список.

Лазовиќ во име на СПН поднесе барање за целосна и независна ревизија на избирачкиот список, која би опфатила теренска контрола на избирачкиот список, во која би учествувала независна комисија според методологијата изработена од невладината Црта.

Лазовиќ изјави и дека Собранието треба да донесе обврзувачки упатства за медиумите, за донесување нови програми, забрана на говор на омраза и лаги и надворешен надзор.

Упатството треба да го подготви независна комисија за медиуми составена од претставници на професионални здруженија.

Тој побара во информативната програма на РТС да бидат претставени релевантни политички групи.

-Потребно е Собранието да донесе lex specialis кој би ги вклучил сите горенаведени мерки и да усвои извештај за наодите на ОДИХР кој ги вклучува препораките содржани во финалниот извештај на оваа мисија, а Владата на Србија да побара имплементацијата на сите барања наведени во овој документ и да доколку дојде мисијата на Европскиот парламент, таа може да учествува во контролата на овие мерки, рече Лазовиќ.

Тој не сакаше да каже дали ќе ги бојкотира изборите додека не се исполнат барањата и очекува владата да се изјасни дали може или не да спроведе фер и чесни избори.

избори преодна влада Северна Македонија Србија Србија против насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.